ТОДОРОВ СЕ CKAPAЛ СО МИЈАЛКОВ: Со него се ckapaвме поради изборот на лидер на партијата, со Груевски никогаш сме немале кaвгa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров во вчерашното гостување во емисијата анализа на 24ТВ објасни како се одвивал процесот за избор на Христијан Мицкоски за лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сметам дека човек понекогаш треба да се повлече од политиката и јас тоа го направив. Тоа коинцидираше со настаните од 27 април и после тоа се повлеков и од пратеник. Подрастично и посериозно ја донесов одлуката со изборот на новиот претседател, односно на новото раковдство. Тогаш јас имав еден друг концепт, едно друго размислување. Не сакав да бидам лидер на ВМРО-ДПМНЕ и затоа не се ни кандидирав. Јас имав друг став околу тоа како партијата треба да продолжи понатаму, односно да се направи едно колективно тело од пет до седум луѓе кои ќе го води ВМРО-ДПМНЕ во еден транзиционен период, кој што ќе направи реформа и на статутот, генерално во правец на демократизација на партијата и потоа да се организира еден конгрес со поголем број на делегати. Сепак, тоа не беше причина за кaвгa. Јас со Груевски никогаш не сум се cкapaл, се cкapaв со Сашо Мијалков, кој за разлика од мене не сметаше дека треба да има колективно тело, туку еден лидер“ – вели Тодоров за 24Вести.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This