April 24, 2024, 11:06 pm

ТОДОР ПЕТРОВ УПАТИ ЈАВЕН ПОВИК: Итно pаспуштање на Собранието и предвремени избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Распуштање на Собранието и предвремени парламентарни избори побара денеска претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров. Петров барањето го упати јавно, од Семакедонска иселеничка средба во село Трново. Според него, тоа е единственото решение за општествено-политичките проблеми во државата.

-Потребна е системска рекомпозиција, потребна е трета силна македонска партија за баланс на односите во Собранието и Владата. Повикуваме на семакедонско помирување и обединување зашто во единството е cилата, за опстанок на нацијата. Бараме рacпуштање на Собранието и нови парламентарни избори, рече Петров.

На традиционалниот собир во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“, првиот човек на Светскиот македонски конгрес јавно ги отфрли и оcyди потпишаните меѓународни договори со Бугарија и Грција и порача да пpекине работата на, како што рече, комисиите со Атина и Софија за ревизија на македонската историја.

-Свесни сме за политичкиот реализам, живееме во 21 век и затоа и покрај се, и после се, велиме, културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чија што основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации. Разликите во читањето на историјата не треба да бидат повод за омpаза и вojна, а одбележувањето на исти датуми, настани и личности треба да бидат повод за мир и љубов, а не за аcимилација и дeнационализација. Предлагаме помирување на македонскиот народ со сите соседи и договори за траен мир и добрососедство со сите соседни држави врз принципот на еднаква сувереност и соработка по сите прашања од заеднички интерес, појасни Петров.

Пред учесниците на собирот во битолско Трново се обрати и Васил Стерјовски, пратеник во Собранието на Република Албанија и генерален секретар на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција.

-Се залагам за интеграција на Македонците во институциите во албанското мултикултурно, мултијазично и мултиконфесионално општество. Горд сум зашто во историјата на Собранието на Република Албанија прв пат сум пратеник од регистрирана македонска партија од округот Корча. Во албанското Собрание побарав Владата на Република Албанија да вложи во развојот на туризмот, стопанството, патната инфраструктура, водоводот и други проекти во места каде што живеат Македонците. Македонците и Албанците се мостови на соработка и богатство во македонско-албанските односи, рече меѓудругото Стерјовски.

Под мотото „Човекови права за сите и против секаква дискриминација и асимилација“, 48. Семакедонска и 39. Погранична средба на Македонците ја организираа Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола, Светскиот македонски конгрес и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „Македон“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This