Тодор Петров: ШАРЕНАТА НЕОДГОВОРНОСТ И ИСТОРИСКОТО БОЈКОТИРАМ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Велепредавникиот Никола Димитров вели “Шарената револуција е жед за ОДГОВОРНОСТ во ситуација на јавно разоткриен криминал. Кога потфрлија институциите, граѓаните преземаа одговорност, барајќи правда. Бојкотирам е повик за НЕОДГОВОРНОСТ, за бегање од одговорност, за немање глас за сопствената и иднината на Македонија, исправена пред историска раскрсница. Да се размислува за некакви паралели меѓу нив е исто како да се става равенство меѓу храброста и стравот, меѓу активниот граѓанин кој се осмелил да прогледа во темница и пасивниот поданик кој се плаши да отвори очи во светлина …”

Да му одговориме, бидејќи народот одамна е со отворени очи, гледа се’ и препознава се’…

Шарената револуција беше странска инсталација за рекомпонирање на власта со марионетска влада заради промена на името на државата и идентитетот на нацијата! Главното дувло за таа операција беше Калето и Џес Бејли, со грубо мешање во внатрешните работи на Македонија… Тоа Владата го потврди и со Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 и со Спогодбата Димитров-Коѕиа од 17 јуни 2018 година. Идризово кога и да е, не им бега! Референдумот на 30 септември е распишан за да се сподели владината одговорност за велепредавството, геноцидот и злосторството против Македонскиот народ!

Ќе веруваше јавноста дека целта на СДСМ е јавно разоткривање на криминал, ако објавеше макар и една бомба, од тие што им ги дадоа, за владиниот коалиционен партнер. Ама, жеден за власт и страст за моќ и пари, Зоран Заев рече дека “не е етички да се објавуваат бомби за Албанците…” и остана жив. Па, нели Уставот и законите се еднакви за сите? Или за едни важат за други не…

Бојкотирам не е незаинтересираност, туку единствен патриотски одговор на Македонците, по род и државјанство, за велепредавството на Владата и Собранието. Бојкотирам е одговорност за минатото сегашноста и иднината! Прашање за промена на името на државата и идентитетот на нацијата, на референдум, во спротивност со Уставот и Законот, не заслужува одговор!

Колку за потсетување, СДСМ од позиции на Влада, спроведе државен терор врз народот со “Некои прашања не заслужуваат одговор”, повикувајќи на бојкот на референдумот за територијалната организација на локалната самоуправа на 7 ноември 2004 година и покрај 40 општински референдуми за непроменливост на ошштинските граници, а гласаа и Македонци и Албанци. За жал, последиците се очигледни… Впрочем, тогаш видовме како Владата на СДСМ фалсификува референдум. Народот, денес, нема никакви гаранции, дека после 14 години ќе биде поразлично на референдумот на 30 септември 2018 година.

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Затоа, општ и безусловен бојкот и масовна неизлезеност на референдумот на 30 септември 2018 година!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This