Тонин: Ќe ce oбидeмe дa им кaжeмe нa нaшитe бyгapcки пpиjaтeли дeкa и вo нивeн интepec e Македонија дa cтaнe члeнкa нa ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија е пријател на Словенија. Местото на Македонија е во Европската Унија, Словенија ќе направи се што е во нејзината моќ да станете што побрзо полноправна членка на ЕУ. Ја имате целосната поддршка на Словенија. Ќе се потрудиме да им кажеме на нашите бугарски пријатели дека и во нивен интерес е Македонија да стане членка на ЕУ.

Ова го истакна Матеј Тонин заменик премиер и министер за одбрана на Словенија, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, на заедничката прес – конференција во Охрид со неговиот домаќин министерката Радмила Шекеринска.

-Денеска меѓу Македонија и Словенија постои еден вид стратешеко партнерството кое ќе се заклучи со формален договор меѓу државите. Сигурен сум дека оваа соработка ќе биде поитензивна. Го чекам денот кога ќе станете полноправна членка на ЕУ, порача Тонин.

Тој ја поздрави одлуката на Скопје како НАТО-сојузник  да учествува во словенечкиот контингент во Летонија во рамки на мисијата на НАТО.

-Денеска беше тажен ден за Авганистан, сите тие жртви беа непотребни и се резултат на терор. Лекцијата во Авганистан е поучна и верувам дека од тоа ќе извлечеме навистина добра лекција. Словенија и Македонија се цврсти партнери и затоа се радувам што нашата соработка ќе ја зацврстиме. Македонија ќе ја прифати нашата покана да биде дел од словенскиот контингент во Летонија. Сигурен сум дека македонската страна ќе биде задоволна од соработката затоа што таа мисија овозможува широка интероперабилност, истакна Тонин.

На средбата двајцата разговарале и за соработката на подрачјето на заштитата и помошта за Македонија во однос на справување со пожарите.

-Гарантираме дека секогаш кога ќе ви требаме ние сме тука да ви помогнеме. Горд сум на нашиот систем за заштита и спасување кој во последните години посебно се унапредуваше. Подготвени сме да донираме техника што ќе и овозможи на Македонија да се справи со различни пожари, исто така сме подготвени да прифатиме различни противпожарни единици да ги осопособиме обучиме и со тоа дополнително да го зацврстиме нашето пријателство и партнерство, а ќе придонесеме и кон тоа вашите пожарникари да бидат поподготвени да се справуваат со предизвиците, затоа што светот е полн со предизвици и несреќи, нагласи словенечкиот министер за одбрана.

Тој се заблагодари за македонската донацијата за Словенија што ќе биде поставена како експонат во воениот музејски парк. Министерот Тонин кој од вчера престојува во официјална посета на Македонија, од Охрид, заедно со министерката Шекеринска ќе заминат за Берово, каде што ќе имаат средба со градоначалникот Звонко Пекевски. Од името на граѓаните на беровскиот регион Пекевски  ќе му врачи на словенечкиот министер Плакета за Здружените сили на цивилна заштита на Словенија, во знак на благодарност за брзата реакција во справувањето со шумските пожари кои летово ја зафатија нашата земја.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This