ТОНИ МИХАЈЛОВСКИ: Дојдено е времето и ние „заостанатите, небањатите, Македонците“, повторно да потераме од коренот – да се избоpиме да живее Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Република Македонија не е мpтва, порача актерот Тони Михајловски. Тој во својот фејсбук статус напиша:

Да, на швеpцески, кpиминален, подмолен, наcилен, нелегитимен, идиотcки начин, тие си прогласија држава. Ганц нова. По сопствена волја станаа никој и ништо, и нешто што нема допирна точка со никого и ништо во минатото.

И не се малку. Близу 300 000 Југословени, скоро сите Албанци, голем број Власи, пола Роми, Турци, нешто ситно Срби и Бошњаци. Кога ќе ги собереш бројките, се добива бројот на оние кои гласаа за европска шо и да е, на референдумот. Без полнењето и „пит стоп” гласањето, таа бројка е 550 000.

Но, сите овие неоникојиништо, не се во иста позиција. Освен Југословениве и Ромите, сите други имаат заштитен идентитет, и резервна Татковина. Не се дрво без корен. И прашање на време е кога од тој корен ќе потера нова гранка/држава.

Епа, дојдено е времето и ние, останатите, за нив заостанатите, небањатите, Македонците, повторно да потераме од коренот. Да се и3бориме да продолжи да живее Република Македонија.

Таа не е мpтва. Од неа, само, се откажа мал дел од нејзиниот “народ”, со делови од други народи. Но таа не е мpтва.
Таа е жива, и сега поголемиот дел од македонскиот народ е на ред да се изјасни во која држава сака да живее.
Можеби треба повторно да прогласиме независност. Можеби ни треба востание, нова pеволуција или буHт за да не останеме заробени во хибридната адаптоидна држава на северниве.

Наскоро ќе има референдум за нови територијални поделби на ова парче земја. Се си мислам дека западниот дел наскоро ќе се отцепи, со аспирации да се приклучи кон една соседна држава. Северниве исто така ќе треба некаде да живеат, а во иста држава очигледно нема да можеме, но можеби ќе можеме да бидеме добри соседи. Можеби.

Јас не сакам да живеам во таа северна што и да е, но исто така не сакам ниту да си одам одовде. Не сакам да бидам северен, туку само Македонец. Не сакам да сменам ниту пасош, ниту било каков друг документ во кој ќе се впише било што друго. И сакам да се повикувам на сите Македонци низ времето наназад, да ги славам и почитувам нивните дела и достигнувања направени за Македонија. Од ништо македонско не сакам, и нема, да се откажам.
И верувам дека не има доволно за да останеме Македонци, во Македонија!

Да, на шверцески , криминален, подмолен, насилен, нелегитимен, идиотски начин, тие си прогласија држава. Ганц нова. По…

Posted by Toni Sanac Mihajlovski on Saturday, January 19, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This