Тони Стојановски: “Гoвopoт дojдe caм oд cpцeтo”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На историски спортски успех, потребен му е и коментаторски блесок кој адекватно ќе се залепи на завршните кадри од Тбилиси во кои преовладуваа радости и солзи. Колегата од МТВ имаше експлозија од емоции, а некои го критикуваа дека мешал политика.

Тони Стојановски кој е долгогодишен спортски новинар и коментатор и кој го паметиме и од преносите на Премиер лигата во А1, за Фактор објасни дека во неговите зборови немало ни политичка ни партиска позадина.

„Искрено ми е жал што од некои не е препозната патриотска, туку некаква партиска димензија. Тука имаше величење на „Македонизмот“ низ етничка призма, но победата на фудбалерите и начинот на кој што тие функционираат во репрезентацијата, е чекор кон формирање политичка нација според принципите на татковците на француската буржоаска револуција од 1789 година.

Ова е голем чекор на изградба на нација, која не се гради во Пржино. Ова не е само фудбалки пласман, туку многу повеќе од тоа. Не сум член на политика партија и нема да бидам. Како што вели Волтер – човек без партија е ништо, но партијата го ограничува човекот. Тоа беше само говор во кој единствено воведот беше однапред подготвен и крајот немаше да биде искажан да не победеше репрезентацијата. Јас не сум херојот на вечерта, тоа се македонските фудбалери, а апелот мој до вжештените глави е да го слушнат и воведот и крајот на преносот и ако можат нешто да научат“, вели Стојановски за Фактор.

За легендарниот говор на Тони се пишуваше и во нашиот регион.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This