Тони Цетински: По смpтта на Тоше Проески им се оддадов на пороците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хрватскиот пејач Тони Цетински гостувал на телевизијата „Лаудато“ каде што зборувал за неговото практикување на верата, пишува хрватски „Индекс“.

Пејачот рaскажал дека неговата баба Марија, која била голем верник, тајно го крстила во два часот наутро.

„Тајно ме крсти во Новиград во времето на комунизмот. Имаше таков договор со свештеникот. Отишла да ме крсти и јас сум ѝ благодарен за тоа. Беше ризично за тоа време, но не знам што ќе направев ако не ме крстеше – рече Тони и додал дека баба Марија го научила да се моли.

Цетински проговорил и за своето пријателство со Тошe Проески, чија смрт страшно го погодила.

– Од Тоше многу научив, иако сум многу постар од него. Тој не беше само човечко суштество, тој беше повеќе од тоа – рекол Цетински, додавајќи дека бил малку лут кога загинал.

„Откако го нема, сакам да бидам што е можно подобар. Но, имаше период на гнев и чувство на неправда каде што брзав. Бев во брак каде што се атеистите, тотално оддалечен од Црквата. Брзав, одев со главата низ ѕидот. Си дозволив пороци. Целосно се изгубив и отидов во погрешен правец“, рекол музичарот.

Објавата можете да ја погледнете тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This