Топалов за Македонците: Ако пpoдолжат да ја pyгaaт мајка Бугарија за брзо ќе ги одpoдиме

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не знам дали ни се браќа, тие ни се веќе братучеди, а ако продолжат на овој начин да ја ругаат мајка Бугарија, можеби за брзо време ќе ги отбратучедиме (одродиме н.з.) од себе.

Ова во денешната утринска емисија на БТВ Новините го изјави проф. Кирил Топалов, член на бугарскиот дел од Заедничката македонско-бугарска комисија за прашања од историјата и образованието, која водителот ја претстави како „бугарско-северномакедонска“.

Топалов одговараше на прашањето како денес со нашите браќа во Северна Македонија дојдовме во ситуација да одлучуваме што бил Гоце Делчев.

-Тие треба да го знаат тоа. Да не сметаат вечно на тоа дека сме братучеди со нив и како мајка Бугарија секогаш ќе отстапуваме за се во нивната антинародна политика, на тие што владеат 75 години со Македонија, изјави Топалов.
Запрашан како го оценува неодамнешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ за Гоце Делчев, Топалов рече:

-Тој протест беше малку чуден, зашто не само ВМРО-ДПМНЕ, туку сите политички сили во Македонија ја заштитуваат таа идеја дека Гоце Делчев е Македонец.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This