April 19, 2024, 10:06 am

ТОПЛОТЕН БРАН, И КАКО ДА СЕ СПРАВИТЕ СО НЕГО: Може пиво, но не повеќе од две – пет совети за успешно справување со најавените горештини!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со топлотниот бран од Јапонија до Шпанија и од Алжир до Калифорнија сите имаат многу совети како да се разладиме.

Еве пет кои ги пренесува Би-Би-Си:

1. Доста течности. Топли или ладни?

Внесувајте многу течности за време на летните горештини. Важно е телото да биде хидринрано за да ги заштитиме бубрезите. Дебатата настанува околу тоа дали треба да се пијат ладни или топли пијалоци.

Според извршените испитувања на Универзитетот во Отава (Канада), каде испитаниците мереле температура на осум места на телото, дошле до заклучок дека топлите напитоци го ладат телото повеќе затоа што го зголемуваат потењето.

Меѓутоа, постои ситуација кога топлите напитоци нема да можат да ве разладат, поточно, ако има доста влага во воздухот или ако носите многу облека низ која потта слабо испарува. Во тој случај држете се на ладни пијалоци.

2. Набавете вентилатор

Струењето на воздухот кое го прави вентилаторот е добредојдено олеснување. Иако вентилаторот не го разладува воздухот, туку го поместува, со тоа го подобрува нормалниот начин на разладување и побрзо сушење на потта.

Вентилаторите не се ефикасни кога има голема влага, и покрај тоа што воздухот се движи, тешко е потта од телото да испари.

3. Не треба само старите луѓе да се грижат за своето здравје

Ако надворешната температура е над телесната, телото почнува да се поти за да се разлади. Исто така, топлината ја ослободуваме преку нозете и рацете испраќајќи топла крв во екстремитетоте.

Овие два методи на терморегулација бараат од срцето да работи повеќе, што кај постарите лица може да предизвика срцев удар.

Постарите луѓе тежнеат да одржуваат постојана температура и не забележуваат дека се прегреваат, поради што бргу дехидрираат во однос на младите лица.

4. Отворете ги сите прозори, но само навечер

Ако немате клима-уред, обично посегнуваме кон отворање на прозорците, но во текот на денот ова може да биде грешка ако надвор е потопло. И покрај тоа правите промаја со отварањето на прозорот, топлиот воздух нема да ве разлади.

5. Може пиво, но најмногу две

Во неколку истражувања испитаниците вежбале се додека телото не се загрее, а тогаш користеле по едно пиво да се разладат, додека другите користеле вода. Единствената негативна страна на пивото била таа што испитаниците исфрлале повеќе течности од организмот во однос на оние кои пиеле вода. Исто така, студиите покажуваат дека повеќе од две пива го доведуваат телото до фаза на дехидрација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This