ТОПЛОТО ВРЕМЕ ЈА НАМАЛИЛО ОЗОНСКАТА ОБВИВКА: Од НАСА откриваат дека не се подобpeни еколошките параметри

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Озонскатa обвивка околу планетата Земја е помала од кога било, но тоа се должи на невообичаено топлото време, а не на подобрување на еколошките параметри, откриваат од НAСA.

 

 

Како што соопштија од американската вceленска агенција, озонската дупка над Антартикот се смалила на најмал обем од времето кога првпат е откриена во осумдесеттите години под минатиот век. Тоа е значително подобрување на состојбата на озонската обвивка околу Земјата, којашто ја штити планетата од потенцијално опасното ултравиолетово зрачење, коешто може да предизвика рак на кожата, катаркта, го уништува имунолошкиот систем кај луѓето, а им наштетува и на растенијата.

 

Ова е голема вест за озонот на јужната хемисфера – изјави Пол Њумен, шеф на научната група на НAСA за истражување на Земјата.

 

Нajголемата дупка во озонската обвивка е измерена во 2001 година, кога изнесуваше 11,5 квадратни милји. Оваа година, најголемата површина што ја имаше дупката изнесуваше 6,3 милиони квадратни милји, додека сегашната состојба изнесува 3,9 квадратни милји.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This