ТОП ДЕСТИНАЦИЈА ЗА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСА: Турција нуди достапни цени и врвен квалитет!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Низ улиците на Истанбул, па дури и на истанбулскиот аеродром можат да се забележат мажи со завои на главите. Можеби изгледа чудно но тоа е поради турските медицински центри кои  вршат трансплантација на коса со врвен квалитет.

Во Турција доаѓаат луѓе од Европа, Блискиот Исток, Арапските земји за трансплантација на коса. Покрај квалитетот, Турција нуди и достапни цени поради што е трето рангина во светот во ова поле.

Цената на трансплантација се движи помеѓу 2000 и 4000 долари. Во земјата се вршат околу 1500 трансплантации дневно.

При трансплантацијата најчесто се користат две техники, Трансплантација на фоликулите (ФУТ) и Екстракција на фоликулите (ФУЕ).

Во Турција најчесто се користи втората, каде од главата на донорот се отстранува секое влакно посебно со алатка за кубење.

Предност на оваа техника е што се избегнуваат лузни.

Поради зголемената побарувачка на зафатот во последно време се појавуваат и нелегални центри за трансплантација, поради што властите предупредуваат потенцијалните клиенти да бидат многу внимателни при изборот на центарот за трансплантација.

Инаку постапката е брза и едноставна, а од пациените се бара најмалку 24ч после зафатот да не ја мијат косата. Првото миење го прават стручни лица во центрите по што клиентите добиваат упатство за понатамошна нега.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This