ТОРТА НАД ТОРТИТЕ: Најпопуларна торта на интернет!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Состојки:

За кората:

– 3 х 5 белки
– 3 x 10 лажици шеќер во прав
– 3 х 5 лажици ореви мелени
– 3 х 2 лажици брашно

За крем:

– 1 литар млеко
– 15 жолчки
– 10 лажици шеќер
– 9 лажици брашно
– 250 гр шеќер во прав
– 250 гр маргарин / путер
– 150 гр мелени ореви
– малку млеко за да се попарат орасите
– 200 гр чоколада
– 3 кеси шлаг крем од ванила
– 200 ml млеко или кисела вода за шлаг кремот

Направете 3 кори од 5 белки, 10 лажици шеќер во прав, 5 лажици од ореви и 2 лажици брашно. Измешајте ги брашното и оревите во изматените белки. Печете на 180 степени за околу 25 минути секоја кора. Кога ќе се испечат, покријте ги со крпа додека го спремате кремот.
Крем: Измешајте 7 жолчки со 10 супени лажици шеќер и 9 лажици брашно и сварете крем во 1 литар млеко. Изматете 8 жолчки со 250 гр шеќер во прав. Посебно изматете 250 гр маргарин и се мешајте па измешајте го со жолчките и изедначете го го олсаденит крем.
1/3 од филот извадете и додадете 150 гр ореви потопени во млеко (потребно е малку млеко за да биде ровко). Во преостанатите 2/3 додадете 200 гр стопено чоколадо на многу ниска температура.

Изматете 3 крем ванили со млеко или кисела вода и филовајте: кора, шлаг, црн фил, кора, шлаг, бел фил, кора, шлаг, црн фил. Ставете од шлагот по рабовите. Ставам црн фил бидејќи има најмногу.

Сервирање:

Тортата е толку кремаста што кората едвај се чувствува, испаѓае доста голема, но брзо ќе се изеде затоа што е поубава од било која чоколада.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This