ТОРТЕВСКИ СЕ ЧУВСТВУВАЛ КАКО БРИШАЧ НА ЗАДНИЦИ: Адвокатот на СЈО Александар Тортевски се чувствувал како тоалетна хартија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Адвокатот Александар Тортевски ангажиран како правен консултант од СЈО на Катица Јанева, вчера на твитер се пресметуваше со новинари кои имаат критички став кон работата на специјалното обвинителство, навредувајќи ги со погрдни зборови

aleksandar-tortevski-640x341

Очигледно за хонорарот кој го добива од СЈО, Тортевски нуди не само правна експертиза туку и твитер-хајки по новинарите во немилост на Јанева и обвинителството кое го води.

Па така, вчера адвокатот Тортевски со грст недолични навреди му се нафрли на новинарот на Сител Љупчо Златев во врска со прашањата кои новинарот ги поставуваше на прес-конференцијата одржана по повод извештајот на СЈО.

„СЈО е за мене света институција и не би ги загрозил со тоа да бранам некого во нивни предмет или да влијаам на нивна одлука. Златев е дебил“, напиша советникот на Катица Јанева. По заканата за тужба од Златев поради навреда, Тортевски го проби дното втор пат по ред и повторно дрско го навреди претставникот на седмата сила кој го има сето легитимно право на светот да поставува прашања, а оние кои се платени за тоа да ги одговараат.

torte-2
Наместо одговори, Јанева очигледно нарачала навреди преку Тортевски кој за овие свои услуги како што соопшти СЈО е награден со редовен месечен пауша, исто како и професорот Шкариќ.

Токму Тортевски и Шкариќ се однесуваа „како да не се одавде“ кога за прв пат новинарите дознаа дека и обајцата се на платниот список на СЈО, додека во јавноста глумат независни експерти кои ја бранат работата на обвинителството на Јанева.

Во таа прилика Тортевски дури и вети дека доколку имал добиено еден денар од СЈО износот кој ќе се откриел ќе го исплател стократно:

„Категорички изјавувам дека од СЈO немам добиено ниту еден денар, ниту сум бил во нивните простории, ниту знам каде се наоѓаат. Се што досега сум кажал за СЈО е резултат на моите лични убедувања и на мојата совест. Во однос на наводно досега добиените хонорари од СЈО доколку се утврди дека сум добил такви средства, јавно изјавувам дека износот кој ќе се открие стократно зголемен ќе го исплатам за помош на угнетувани новинари кои мора да пишуваат во списанија кои никој не ги купува.“, изјави пред неколку месеци Тортевски.

Мистеријата ја реши законската обврска на СЈО согласно законот за слободен пристап до информации од Јавен карактер кога, иако со големо задоцнување, сепак мораше да одговори на прашањата на новинарите па откри дека и Тортевски и Шкариќ, заедно со уште дузина други експерти се на платниот список на обвинителството на Јанева.

Тортевски не го врати стократно износот на пари кои ги добива од СЈО, но затоа врати стократно кон Јанева, па така започна да се пресметува со новинари кои на специјалната обвинителка и се трн во око.

СЈО на Јанева плаќа над 1,3 милиони евра годишно „за договорни услуги“. Дел од овие пари освен што служат за правниците да глумат независни експерти кои се воодушевени од работата на обвинителството, евидентно се користат и за тивка цензура и хајки кон новинари кои Јанева ги нарачува преку своите правни консултанти.

Недоличното однесување на адвокатот Тортевски на твитер е огромен срам за целото СЈО, особено затоа што реваншизмот на Јанева кон Златев е очигледно инспириран од неговиот критичен став и незгодните и непријатни прашања кои Златев ги има за Катица Јанева.
tor-n

torte

Сепак, сеуште е нејасно зошто Тортевски се понуди да биде тоалетна хартија за бришење задници по завршување на голема нужда. Дали можеби Тортевски потсвесно си призна дека се чувствува како ништо повеќе од обична тоалетна хартија за бришење фекалии од нечии задници, за еднократна употреба?

Понекогаш вистината е сурова, но мора да се признае. Тортевски е одличен пример, за тоа како еден човек за ситни хонорарчиња призна дека тој всушност е валкана тоалетна хартија.

torte_toalet

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This