ТОРТУРАТА ОД ВЛАСТА ВРЗ ПРИТВОРЕНИТЕ И НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА ПРОДОЛЖУВА: Владините медиуми шират дезинформации и измислици

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Власта и медимуте блиски до СДСМ продолжуваат со тортурата врз притворените во врска со настаните на 27 април и нивните семејства.

Најнов пример е информацијата дека поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков е префрлен во самица поради наводна тепачка со лицето кое се наоѓа во неговата ќелија. Според информациите до кои дојдовме, оваа вест е измислена и единствено предизвикува трауми врз семејството и блиските. Со ваквите небулозни дезинфорамции во јавноста дополнително оваа власт им го руши достоинството и интегритетот на притворените.

Ова не е прв притисок што се прави врз Митко Чавков. Неговата здравствена состојба се влошува секојдневно. Зорица Чавкова, ќерката на Митко Чавков пред извесно време се огласи на својот Фејсбук профил каде сподели статус во кој пишува дека неговата срцева функција е намалена за 50 проценти.

 

Иако семејството на Чавков и неговите бранители имаат укажано дека тој има проблеми со срцето и дека треба редовно да прима лекови поради неговата состојба, надлежните органи замижуваат на лекарските препораки. Ваквата постапка од страна на одговорните доведува до свесно загрозување на животот на Митко Чавков.

Потврда за тешката состојба на Чавков дојде и од еден од неговите адвокати Петар Василев каде во дебатата на “Макфакс” изјави дека поради фактот што на Чавков летото му е вметнат стент, проблем му претставува физичкото здравје бидејќи во затворот во Шуто Оризари не може да ги спроведува препораките на лекарот да се движи од 8 до 10 километри дневно.

Ова не е прв пат Чавков и неговото семејство да бидат изложени на тортута од страна на власта и медиумите блиски до СДСМ.

Во јавноста протече слика од судот каде Митко Чавков беше сликан со лисици на рацете. Сликата имаше за цел да го наруши достоинството и да го понижи Чавков во очите на јавноста. Пратеникот и шарен револуционер Павле Богоевски објави слика од Чавков на својот Фејсбук профил. По неговите стапки тргна и неговиот партиски колега Мухамед Зекири.

Освен оваа, фотографија на Чавков беше објавена и во притворското одделение на Истражниот затвор во Шутка од страна на припадник на полицијата симпатизер на СДСМ. Ова е прв пат во историјата на Македонија да се појави слика од лица притворени во Истражниот затвор Скопје.

 

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This