ТОРТУРА ВРЗ МНОЗИНСКИОТ НАРОД: Казните во законот за јазиците се казнена тортура!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Законот за употреба на јазиците е таков што требаше да оди во редовна постапка вели професорката Гордана Силјановска во емисијата Топ Тема. Таа притоа посочи дека кога се носи ваков тип на закон во скратена постапка тогаш второто и третото читање се заедно. Во однос на големиот број на амандмани таа кажува дека тоа е сосема легитимна постапка која е дозволена со деловникот.

-Не смееме да заборавиме. Деловникот изричито споменува дека амандмани може да се поднесуваат. Ова во било која друга земја би било прашање за импичмент, бидејќи секаде има не само импичмент за кршење на уставот во однос на претседателот туку и на министрите, судиите и претседателот на собранието, вели Силјановска.

Во однос на Венецијанската комисија таа откри дека последната седница на венецијанската комисија беше во декември и дека од претседателот на комисијата за европски прашања ништо не кажал дека се испратени одредени членови на разгледување. Според неа тоа значи дека ниту биле пратени ниту ги разгледувала Венецијанската комисија.

-Идејата на венецијанската комисија е во фазата на нацрт да даде предлози кои ќе се вградат. Чувме предлози да го донесеме законот, па во процесот на интеграција кога ќе до добиеме мислењето на Венецијанската комисија тогаш ќе ги вградиме измените. Па измена може само со адмандман да се направи, рече Силјановска.

Таа уште еднаш потенцираше дека Венецијнската комисја не е уставен суд. Таа ги гледа стандардите. Венецијанската комисија пред да утврди што е ќе каже нешто и за историјатот на законот и целата постапка воопшто.

Во однос на казните Силјановска вели дека за македонски услови, овие казни што ги има во овој закон се казнена тортура, тоа е неумерено.

Според неа, неумерено не е само поради висината на казните туку и поради карактерот. Прво како основ таа го зема Уставот на Република Македонија и вели дека не може некој да биде казнет поради самите уставни одредби, а како втора работа на овој начин се крши и амандманот 5 од Рамковниот договор.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This