Тотален хaoc во Белград поради здравствените мepки на власите – Зaпaлeни возила, yпaд во собрание, coлзaвeц…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Масовни демонстрации се случуваа синоќа и доцна во ноќта во Белград. Огромен број граѓани излегоа на протест поради најавениот полициски час кој треба да спроведе викендов, поради ширањето на епидемијата од корона вирусот. Протестантите се сообраа пред Собранието на република Србија а некаде околу 22 часот дел од нив го пробија полицискиот кордон и упаднаа внатре.

Полицијата ги растера граѓаните со солзавец и бибер спреј, по што протестите ескалираа и во центарот на градот беа палени возила, контејнери и беа фрлани камења кон полицијата. Десетина лица беа повредени.

Ваквиот револт на граѓаните во Белград е резултат на најавените мерки од страна на претседателот Александар Вучиќ кои следат после одржаните парламентарни избори минатата недела. Претходно властите во Србија ги олабавија мерките и дозволија одржување на спортски натпревари. После кратката нормализација, следеше сериозен бран од епидемијата, заради кој се воведуваат новите рестриктивни мерки меѓу кои е и забрана за собирање на повеќе од 5 лица на отворен или затворен простор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This