ТОТАЛНА ГЛУПОСТ И НЕБУЛОЗА: Дали Столтенберг би се возел во 25 Шкоди, или во еден Мерцедес согласно стандардите на НАТО?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Небулозни и комични се констaтациите на дел од медиумите под контрола на СДС кои диригирано ја трубат изјавата на Спасовски дека еден блиндиран Мерцедес чинел колку 25 автомобили „Шкода Јети“ какви што употребува полицијата за секојдневните работни обврски

Дополнително, ако се знае дека  возило од овој тип, со такво ниво на безбедносна опрема е еден од условите со кои се гарантира безбедноста на странските државници кои би ја посетиле земјата, и еден од условите да се закаже било каква средба на домашен терен со странски претставник од високо ниво.

Она што СДС и Спасовски не го кажуваат е дека во периодот до 2012 година, Македонија редовно позајмуваше автомобили од странските амбасади во земјата, но и од министерствата од соседството за да може да ги превезува високите претставници на странски држави и меѓународни организации, бидејќи Македонија во своја сопственост немаше соодветно возило кое го бараа делегациите и безбедносните структури задолжени со безбедноста на ВИП лицата.

 

Небулозата околу тврдењето дека еден Мерцедес чинел колку 25 „Шкода Јети“ е дотолку комична, имајќи во предвид дека помеѓу еден од барањата при евентуален влез во НАТО е и барањето земјата да има најмалку 3 вакви автомобили.

Оттука и прашањето, дали генералниот секретар на НАТО или лицата задолжени за неговата безбедност би прифатиле да се возат во 25 Шкоди, наместо во еден високо-безбеден Мерцедес, онаков во каков што се возат претставниците на НАТО.

 

 

12 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This