ТОТАЛНА НЕСПОСОБНОСТ НА ТЕУТА И СДСМ: Град што лежи на вода, со извори, реки и планини се соочува со рестрикција на вода

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тоталната неспособност на тетовската градоначалничка Теута Арифи и Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев донесе рестрикции за вода во Тетово. Град што лежи на вода, со извори, реки и планини се соочува со рестрикција на вода.

Јавното комунално претпријатие Тетово од ноќеска половина час по полноќ започна со два и пол часа рестрикции во водоснабдувањето, информира Јавното комунално претпријатие.

Тетово се соочува со рестрикции на вода, иако  станува збор за градот под Шар Планина низ кој поминува реката Пена, со Вардар на 1 километар, со повеќе потоци низ околните ридови и планини, како и со големи подземни води.

Покрај толку многу вода, Тетово останува жедно, а воздухот е загаден со канцерогени материи поради постојаните пожари во Тетовската депонија.

Според Јавното комунално претпријатие, оваа одлука е донесена со цел подеднакво снабдување со вода за пиење на сите граѓани во сите населби на градот, а рестрикцијата ќе трае од 00:30 до 3 часот.

Главна причина за рестрикцијата бил „слабиот прилив на водата за пиење во градските резервоари и нерационално користење на водата од страна на граѓани“.

СДСМ не дава пари за регионална депонија во Тетово

На неодамнешната седница на Комисијата за финансирање и буџет каде се уште трае дискусијата по амандманите за ребалансот на буџетот, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Горан Манојлоски даде свое образложение по поднесениот амандман за изработка на физибилити студија за регионалната депонија во Тетово.

Манојлоски посочи дека овој амандман е од огромно значење за Тетово и полошкиот регион и токму затоа е повеќе од потребно да се прифати бидејќи загадувањето во Тетово е алармантно.

-Бидејќи јас доаѓам од полошки регион, чувствувам за сходно да се обратам по повод овој амандман. Секако дека ова ќе го поддржам затоа што има повеќе факти, аргументи поради кои што ова е многу важно за сите нас. Кажавте дека веќе физибилити студијата е при крај. Жив сведок сум дека се прават само физибилити студии, а ништо не се реализира. Реалност е ѓубрето во Тетово, реалност е загадувањето во Тетово. Ѓубрето во Тетово го покривате со реклами на влезот во градот само за да не можат да видат граѓаните што се случува, посочи Манојлоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој побара веднаш и брзо да се реагира и конечно да се реши овој проблем со загадувањето и огромната количина на ѓубре во Тетово.

-Значи, апсолутно треба веднаш и многу бргу да се реагира во најскоро време да се пристапи кон решавање на овој проблем. Од овој проблем најмногу е засегнато Тетово и покрај тоа што е најголема општина во полошкиот регион наместо да е најсредена, таа е најпрљава општина во целиот регион. Ова говори само едно, за способноста на градоначалниците кои што се избрани од народот за да го решат проблемот, заврши Горан Манојлоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак, СДСМ и Министерството за финансии не го поддржаа овој амандман иако во изминативе години пратениците од СДСМ беа најгласни по однос на ова прашање.

Депонијата во Тетово, ветувања, но не и дислокација

Продолжуваат ветувањата за дислокација на депонијата во Тетово, но веќе неколку дена ништо не се превзема во овој правец. Новата претоварна станица за комунален отпад која се отвори минатата недела во градот Тетово функционира, но отпадот кој што се наоѓа во старата дива депонија во градот сеуште стои таму. Дивата депонија е голем проблем како за граѓаните кои поминуваат од таму, така и за жителите на населбата Дарданија. Од јавното комунално
претпријатие Тетово, повторно велат дека се работи на носење на отпадот.

– Претоварната станица работи добро, со некои почетни проблеми кои ги решивме со соработниците од Скопје и сега се е во ред. Сите отпадоци се фрлаат во оваа претоварна депонија но исто така имаме два камиони кои носат во Гостивар. Кај старата депонија се чисти за еднаш засекогаш да се исчисти, рече Назиф Јашари од ЈКП Тетово.

Но, еколошкото друштво Еко Герила, рече дека новата станица е само дел од решението, а не решение на проблемот. Тие апелираат општината да ги отсрани отпадоците што е можно поскоро, во спротивно ќе им ги однесат пред општинската зграда на Општина Тетово.

– Мислам дека општината покажа дека е неспособна и дека не е заинтересирана да го реши тој проблем. Решението кое е направено на влезот на селото Требош е добро, но е дел од решението, во меѓувреме се труеме со планина од ѓубре на влезот од Тетово. Не знам дали е потребно да се однесе пред општината барем еден камион за да ги посетиме колку е тоа непријатно за жителите на оваа населба и да ги посетиме дека под итно треба да се реши оваа депонија, рече Арјанит Џафери од Еко Герила.

Градот Тетово со години се соочува со проблемот на отпадоците, додека пак на влезот во градот направена е дива депонија која од ден на ден се повеќе се шири со ѓубре и мртви животни кои исто така, се фрлаат од несовесните граѓани.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This