April 25, 2024, 12:33 pm

ТОТАЛНО ЗАБЕГАНИ: Некрофилијата на СДСМ не познава граници – сега го вмешуваат и Тоше Проески!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дегутантно е да се става името на ангелот Тоше во текст во кој конотацијата е чисто политичка со цел дневно политичка дискредитација на политичкиот опонент, но за СДСМ не постојат правила и етички норми кога станува збор за голата борба за власт

tose_SDSM

Последниот некрофилски испад е оној на општинскиот огранок на СДСМ од Гази Баба, од каде што на својата ФБ страница објавиле информација од сомнителен балкански портал на кој се зборува за можни теории на заговор за националната трагедија во која загина нашата Македонска икона Тоше Проески.

СДСМ Гази Баба, го погазиле името на Тоше и решиле преку неговиот гроб да се пресметуваат со ВМРО-ДПМНЕ. Гнасно.

Но тоа не е прв ваков испад на опозициските ботови.

Еден од подобро познатите платеници на СДСМ кој уредува „портал“, наместо да се згрижи во соодветна психијатриска установа, се радуваше на смртта на ромската кралица Есма Реџепова, која воедно беше и голем хуманист и амбасадор на Македонската култура.

esma_maktel

Тие се радуваа и на смртта на истакнати политичари и општествени дејци кои не им беа по нивниот мерак, па така истите овие луѓе се радуваа и на смртта на Чашуле, оргазмираа на трагедијата во скопско Стајковци, гледајќи неповторлива можност природна катастрофа да се претвори во некрофилско-политичка препукувачка тема.

Таков беше и случајот во Диво Насеље, кога ТВ Телма но и порталите финансирани од Сорос и УСАИД, лажеа дека имало цивилни жртви и дека било убиено целото семејство на некое мало девојче.

Гнасно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This