ТОТИ СИ ЗАМИНА ОД РОМА: Подобро да yмpeв, отколку ова; направија се за да ме тргнат, заминувам

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Легендата на Рома, Франческо Тоти после цели 30 години денес официјално го напушти својот матичен клуб.

„Принцот“ на Рим на пресконференцијата, без влакна на јазикот, ги откри причините за неговото заминување и ги обелодени сите проблеми во клубот.

Тоти го обвини претседателот Палота и неговата десна рака, Франко Балдини дека направиле се за да ги тргнат „римјаните“ од клубот и дека тој како директор не се прашувал за ништо во клубот.

„Претедателите, тренерите, играчите се менуваат, симболите на клубот остануваат засекогаш. Со тешко срце соопштувам дека поднесов оставка и заминувам од Рома. Во последните осум години, откако Американците влегоа, се обидуваа на секој можен начин да не тргнат нас ’римјаните“ настрана. Повеќе не гледав смисла во моето работење во клубот“, објасни Тоти.

„Бев тргнат на страна, не се прашував за ништо. Се обидував да помогнам на било кој начин, но тоа беше само губење време. Поради тоа решив да си заминам, иако Рома е мојот втор дом. На фановите им порачувам да продолжат да навиваат за овој клуб. Ова не е мое збогум, туку довидување. Кога ќе дојдат нови сопственици, ако ме побараат ќе се вратам веднаш“, заклучи Тоти.

„Заминувањето од Рома ми е исто како да yмиpaм. Мислам дека ќе беше подобро да yмpeв, отколку да морав да си одам од Рома. Секогаш ќе навивам за овој клуб, ќе доаѓам на натпревари, и тоа можеби заедно со навивачите“, заклучи на крајот легендата на клубот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This