April 19, 2024, 11:02 pm

ТОШТА ИЗЛЕГУВА ОД ПРИТВОР: Адвокатот на Тошта, Бојан Ваневски потврди дека ќе биде пуштен во куќен притвор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мерката притвор за Александар Јаневски- Тошта од денеска е преиначена во мерка куќен притвор, ова за КУРИР го потврди Бојан Ваневски, адвокатот на обвинетиот во случајот за обид за убиство на Зијадин Села.

Како што кажа тој во изјава за КУРИР судот донел решение за куќен притвор.

-Од денеска тој е во куќен притвор, поради неговата здравствена состојба и за да не дојде до влошување на истата, изјави Ваневски за КУРИР.

Ова следува откако пред два дена на судењето за нападот на Села, на Тошта му се слоши и падна на подот во судницата и со брза помош беше однесен во градката болница 8 септември. Од таму по неколкучасовните прегледи повторно со амбулантно возило беше вратен во Шутка а неговата одбрана реагираше дека нема услови во затворот за неговиот клиент кој е со влошено здравје.

На судењето обвинителот направи измени на обивнението но за Тошта остана истото кривично дело убиство во обид на Села, по што се изнервира и рече дека го гонат за убиство затоа што е основач на ВМРО. Врз основа на последната снимка обвинителот го ослободи од обвинение Сашо Сенков а за Стојан Павлески и Цејо Георгиевкси определи насилество што е полесно криивчно дело.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This