ТОЈ ЛИНГУР КОЈ ЗА СЕБЕ МИСЛИ ДЕКА Е НАЈПАМЕТНИОТ: Куноска го „дроби“ Фрчковски во колумна за „Шпиц“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јагнула Куноска за Љубомир Фрчкоски во 2006 година во дневниот весник Шпиц изјави:

jagnula-kunovska

– Тој лингур, кој за себе мисли дека е најобразованиот, само затоа што оние што не му одговараат ги нарекува будали; дека е најубав, само поради тоа што главата му е почетвртаста од истото такво тело; кој се перчи дека е млад, само заради тоа што лани повторно се ожени; дека е на врвот на македонската интелегенција и дека е најумен од сите ( експерт за се и сешто ) поради тоа што носи голема чанта , која при одот му удира од десното колено; кој сопствената екстравагантност, сведена на мааалски манир, ја смета за своја доблест и ја зрачи од себе посебно кога пуши пура, обидувајќи се најсекси да ја префрла од едниот на другиот крај на устата, подџвакувајќи ја…, веќе одамна по телевизии и дневни весници изигрува дежурен пироман и специјализиран „расипувач на забави“.

Е, тој „натчовек“ од Гете, кој се препотува секогаш кога не може да ја скрие сопствената несугурност и за миг станува како полеан со вода преку решето врз глава – додолец, се уште умира да биде на функција, иако од неа секогаш си заминуваше испрскан со својата безнадежност. Откако остана да си биде она што беше пред тоа, почна да мраази се што е за почит, а да ги љуби оние кои не ги почитуваа, но им се потпикнал под кожа како пијавица, пардон, советник или претендира да им биде тоа, а кога некој од нив навреме ќе го прочита и ќе го отфрли, фрла по него со дрвја и камења, плачејќи како некоја тужибаба . Со срцка , така му е името, во 1990 година заедно бевме во Форумот за човекови права…

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This