April 20, 2024, 11:24 am

ТОЈ ШТО МЕ ЗАОБИКОЛУВА, ЌЕ ПОГРЕШИ: Иванов од Мечкин Камен повика владата и владеачкото мнозинство да престанат со силувањето на Уставот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ние сега самите доброволно им го даваме името, кое е постаро од државата и од секој устав. Никој нема право да тргува со тоа име. Затоа не го прифаќам грчкиот договор, кој е на штета на македонската државност, рече претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, во својот говор на Мекин Камен во Крушево за Денот на Републиката

– Оваа Влада се обидува да ме заобиколи. Грчкиот договор е резултат на славољубие. Како Киро Глигоров што се обидоа да го заобиколат со тајванскиот договор. Со овој грчки договор се брише идеалот на македонскиот народ да има своја држава и не се гарантира членството во ЕУ и НАТО. Без борба против партискиот дилетантизам, нема по автоматизам прием во ЕУ и НАТО. Лага е дека со овој договор ќе сме станале рамноправен субјект. Спогодбата ја доведува Македонија во положба на зависност. Конечно, лага е дека се јакне македонскиот договор, туку правно се укинува македонскиот народ. Затоа, сега не убедуваат сами себе да се укинеме. Сакаат да извршиме историско и правно самоубиство. Општото добро секој ќе може да го разграбува и разнебитува без македонскиот народ – говореше Иванов.

Тој на македонските граѓани им порача да се запрашаат што би рекле сега Гоце Делчев и Никола Карев кога би знаеле дека на 30 септември ќе има референдум за договорот од Преспа.

– Да се биде Македонец не е само право, туку и обврска. Ние не можеме да бидеме нешто поразлично од нашите предци. Затоа ниту еден политичар нема мандат да тргува со името. Вашите очекувања и барања, се и мои очекувања и барања. Нека ни е вековите слободата и независноста – порача Иванов.

 

Фото
Република.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This