March 29, 2024, 11:20 am

Тој ја зaгyби сопругата: Еве што му ветувале „ние кога ќе дојдеме на власт“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Овој свет го напушти Ѓурѓица Ќаева, како последица од компликации од пулмоналнатахипертензија.

Таа беше неуморен борец, активистка за права на пациентите со оваа болест, претседател на здружението „Момент плус“, член на Европската Асоцијација за пулмонална хипертензија.

Имаше 40 години и осум години се бореше со оваа тешка бо лест и со институциите, за сите пациенти да добијат лекови, а самата најчесто се лекуваше со донации. Не успеа да го прими лекот од последниот тендер за кој толку многу се бореше.

Нејзиниот сопруг Ратко Ќаев, пред неколку дена, токму кога се одбележуваат 40 дена од заминувањето на неговата сопруга Ѓурѓица, собра сили и се огласи на социјалните мрежи.

Ќаев во својот статус на социјалните мрежи, објави дека е разочаран и кажа зошто. Иако со тешко срце, тој го напиша следново:

Како сопруг на Ѓургица, по 40 дена од нејзиното заминување и јас сум разочаран како што беше таа.

Од првите луѓе на градот и партиите до министерот за здравство. Kои пред избори секогаш беа фини само со Празни Ветувања дека ќе помогнат, посебно пред избори.Еве сега коа ќе дојде министерот јас…

Еве ние кога ЌЕ дојдеме на власт ….Праќајки линкови, јавувајќи се пред избори барајки подршка. Но кога министерот доаѓаше забораваа да ја известат дека ќе дојде. А секој лек за кој се боревме го добивавме по 2 год.

Замоливме за едно работно место со оглас и плата од 12,500 ден плата само да имаме здравствено осигурување. И тоа не беа способни да го обезбедат со изговор дека таму е мала платата барем да била 18,000-20,000ден.


Како лице со ретка болест НЕ можеше да работи, НЕ добиваше инвалидска пензија немала 15 год работен стаж. Како здружение со одобрени 20.000ден одобрени од совет на општина Гевгелија за 2020 год. до ден денес НЕ се исплатени.

Беа лути кога ги напаѓаше на социјалните мрежи и кога им порача дека Нема повеќе излегување на гласање. РАЗОЧАРЕН СУМ бидејки во овие 40 дена НЕМАА ЛИЦЕ да пратат порака за сочуство, а ги добивме од цел свет.

НИЕ како здружение и понатаму ќе го правиме тоа што таа го правеше без нивна помош. Ова е само еден пример на едно семејство кое покрај болеста се бореше и ќе се бори со системот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This