Трагедија во светиниколско: Загинаа две лица, едно тешко повредено откако излетале од пат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Две лица загинаа, а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа која синоќа околу 02:45 часот се случила на крстосница од локалниот пат за с.Горобинци, светиниколско.

Како што информира МВР, автомобил „Ауди“, управуван од В.С.(37) од Свети Николе, излетал од патот.

-Во несреќата возачот и сопатничката С.А.(21) од Свети Николе се здобиле со повреди и починале на местото на настанот. Сопатникот Д.Ј.(28) се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Јавна здравствена установа Свети Николе, истакнуваат од полицијата.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Свети Николе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This