ТРАГЕДИЈА: Ентони Бордејн пронајден мртов

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ентони Бордејн, надарен раскажувач и писател познат по своето кулинарско шоу во кое патуваше низ светот, почина на 61 година.


Си-Ен-Ен, медиумот за кој тој работеше ја потврди смртта на Бордејн во петокот и рече дека причината за смртта е самоубиство.

“Тажно е што може да ја потврдиме смртта на нашиот пријател и колега, Ентони Бордејн”, се вели во соопштението на мрежата рано изутринава. “Неговата љубов кон големи авантури, нови пријатели, добра храна и пијалоции извонредните приказни на светот го направија уникатен раскажувач. Неговите таленти никогаш не престанаа да нè зачудуваат и многу ќе ни недостасува, нашите мисли и молитви се со неговата ќерка и семејството во ова неверојатно тешко време. ”

Бордејн беше во Франција, работејќи на претстојната епизода од неговата наградувана серија за Си-Ен-Ен “Непознати места”. Неговиот близок пријател Ерик Рипер, францускиот готвач, го пронашол телото на Бордејн во неговата хотелска соба во петокот наутро.

Огромните реакции за неговата смрт пристигнаа од верните гледачите, колегите готвачи, познати личности и други на социјалните медиуми.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This