ТРАГЕДИЈА КОЈА СЕ ОБИДОА ДА ЈА СКРИЈАТ: Кој се обидуваше да ја сокрие трагедијата со починатата родилка од Гевгелија која ја потресе Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за здравство денеска информира дека треба да се почека обдукцискиот наод и да не се шпекулира дека смртта на гевгеличанката Елизабета Савиќ-Динева (31) е поврзана со нејзиното породување и оти станува збор за лекарска грешка.

Таа пет дена по породувањето во Општата болница во Гевгелија, на 29 јуни поради епилептични напади од непознато потекло од дома била донесена во Клиничкиот центар во Скопје, каде по две недели починала.

– Таа прво била хоспитализирана на Клиникa за неврологија, каде останала 24 часa. Првично била во добра општа состојба, се хранела нормално, разговарала по што западнала во кома и еден час била ренимирана во Ургентен центар. Веднаш било побарано конзилијарно мислење од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), од каде информираат дека е постапено согласно сите протоколи, направени се сите иследувања, направено е КТ. По две недели во кома починала и телото е предадено на обдукција, стои во соопштението.

Дополнително, посочуваат од Министерството, Државниот здравствен и санитарен инспекторат постапува во рамки на своите надлежности, а со вонреден инспекциски надзор се постапува во Општата болница во Гевгелија и кај матичниот гинеколог.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This