ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ РУСИЈА:Син на политичар се врзал со лисици за девојката и скокнал од покрив на зграда

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Младиот 18 годишен Роман Шингракин, син на поранешниот руски пратеник Максим Шингракин, скокна во смрт од покрив на зграда со својата девојка, 20 годишната Александра Соловјева.

Како што пренесуваат руските медиуми, парот скокнал во смрт врзан за лисици еден со друг.

Шингракин бил студент по економија на универзитетот „Плеханов“, а неговата девојка студирала медицина. Пред да се убие, Шингракин на социјалните мрежи објавил фотографија која би можела да предвиди трагедија, две фигури од лего коцки како се држат за рака над зборот „самоубиство“. Во својата последна објава на социјалните мрежи напишал дека неговиот живот се претворил во „ланец на патење“ и дека „подобро е вака“.

И неговата девојка, која на социјалните мрежи се претставува со машко име, ја објавила истата фотографија и проштално писмо.

Роман Шингракин на пошироката јавност и стана познат во текот на антикорупциските протести во март 2017 година, кога прв пат после многу години младите се собраа да го изразат своето незадоволство од состојбата во државата.

Протестите ги организираше најголемиот критичар на Путин, Алексеј Навални, а бидејќи не постоела дозвола од властите за организирање на собири, полицијата ги прекинала, а десетина млади луѓе беа приведени. Шингракин од полицијата избега така што се качи на улична рампа, а тие фотографии ги виде целиот свет.

Инаку, интересно е што неговиот татко, поранешен пратеник во Думата, го поддржувал претседателот на Русија, Владимир Путин.

Причината за самоубиството не е позната, но весникот „Московски Комсомолетс“ пишува дека младиот студен по економија и порано се обидел да си го одземе живото. Исто така, весникот објави непотврдени информации, дека парот скокнал во смрт затоа што морале да се разделат наредните неколку месеци, меѓутоа не е познато зошто.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This