ТРАГИКОМЕДИЈА ВО СУДОТ: Заев тврди дека со сила бил натеран да бара мито!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иван Николов кој се јавува како сведок-оштетен во предметот што се води против Зоран Заев, сега премиер, а тогаш градоначалник на Струмица, потврди дека му биле побарани 300.000 евра поткуп за купување на 100.000 м2 градежно земјиште, а митото требало да се подели: 100 илјади евра за Заев, 100 илјади евра за Црквата, а 100 илјади евра за СДСМ.

Смеја во судницата и потоа на социјалните мрежи од спин веста на провладините медиуми и тврдењето на Заев дека бил наведен да побара мито.

Со други зборови „лопов со сила”, дело кое што кривичниот закон не го познава. Зоран Заев сакајќи да се испере од одговорноста и флагрантното крешење на законот дека барал мито кажа дека сведокот го навел да побара мито, нешто што флагрантно се гледа од снимката која е прикажан во медиумите. Со ваквото тврдење Заев признава дека побарал поткуп, но дека за тоа бил друг виновен, пишува ДЕНЕШЕН.

Бизнисменот Николов денес потврди во судница дека Зоран Заев му побарал мито од 300.000 евра за продажба на земјиште.

Иван Николов кој се јавува како сведок-оштетен во предметот што се води против Зоран Заев, сега премиер, а тогаш градоначалник на Струмица, потврди дека му биле побарани 300.000 евра поткуп за купување на 100.000 м2 градежно земјиште, а митото требало да се подели: 100 илјади евра за Заев, 100 илјади евра за Црквата, а 100 илјади евра за СДСМ.

-На денешното рочиште за „Поткуп“ на кое требаше да се гледа видео снимката јавно, на барање на Заев, судијата Дарко Тодоровски соопшти дека нивното решение од минатата недела за јавност на снимката не важи, бидејќи Јавното обвинителство побарало писмено решение на кое ќе се жали и додека не одлучи Апелација, снимките нема да се гледаат пред јавност во судница. Обвинителката Валентина Бислимовска, претходно му се извини на адвокатот на Заев што морала да бара решение и да се жали, но како што му рече, таа е обвинител и мора да се грижи за законитоста на доказите, пренесе ДЕНЕШЕН.

Бислимовска смета дека јавното гледање на снимките е против интересите на сведокот, но и на обвинетиот.
Сведокот Николов објасни дека Зоран Заев му се јавил нему на Митровден (8 ноември 2013 година) околу 21 часот навечер и побарал да се видат во неговиот кабинет за 15 минути, бидејќи се враќал од Скопје.

Николов ги оставил гостите дома, отишол кај Заев, а тој му кажал дека земјиштето што сакал да го купи Николов, градежно државно земјиште, на кое порано имало конзервни фабрики, може да го направи до Нова година по цена од 70 денари за м2, но на купените 100.000 м2 треба да плати и плус по 3 евра за квадрат и тоа по „ЕДНО ЕВРО ЗА ЗАЕВ, ПО ЕДНО ЕВРО ЗА ЦРКВАТА И ПО 1 ЕВРО ЗА СДСМ“.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This