ТРАМП: Бог погледна надоле и рече- нема да дозволам да врне дожд во текот на твојот говор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Председателот на САД Доналд Трамп во говорот кој го оддржа во седиштето на ЦИА, ги обвини медиумите дека лажеле за бројот на присутни на церемонијата на инаугурацијата.

tramp-4

 

Зборувајќи за бројот на луѓе за својата инаугурација, Трамп рече дека присуствувале милион и пол луѓе и дека масата се протегала од Капитол Хил до споменикот Вашингтон.

,,Медиумите кои не ме сакаат, прикажуваа празни места и 250.000 луѓе. И тоа не е лошо но е лага. Имавме 250.000 луѓе само на малиот терен што го направивме“ рече Трамп.

Новиот американски претседател го искоментира и дождот од кој , како што вели го спасил ,,Креаторот на вселената“.

“Изгледаше дека ќе почне да врне дожд, но Бог погледна надоле и рече- нема да дозволам да врне дожд во текот на твојот говор“ рече Трамп додавајќи дека по инаугурацијата почнало навистина да врне обилен дожд.

За посетување Трамп одржа говор во седиштето на ЦИА во Вирџинија, која работа јавно ја доведуваше во прашање. Тој порача дека никој не негува поголеми чувства кон разузнавачката заедница од него.

Извор: Б92

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This