ТРАМП ГО ПОВИКАЛ ДОДИК НА ИНАГУРАЦИЈА: Амбасадата на САД во БиХ не му дава виза за да отпатува!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Република Српска бил повикан на инагурацијата на Доналд Трамп, меѓутоа Амбасадата на САД го одбила барањето за издавање на дипломатска виза на претседателот, со образложение дека е под санкции поради спроведениот референдум пред неколку месеци

dodik_tramp

Освет тоа што ја покажал поканата за инагурацијата на Доналд Трамп, претседателот на Република Српска детално го раскажал и телефонскиот разговор од минатата седмица кој го водел со заменик помошникот на американскиот државен секретар, кој барал од Додик тој да се одрекне од политиките на СНСД и да се јави на поканите на Обвинителството на БиХ.

Целата ситуација, Додик ја нарекол харанга во режија на амбасадорката на САД во БиХ, која наскоро ќе ги спакува куферите и ќе ја напушти земјата.

Поканата и местото во седмиот ред за претседателот на Република Српска, как и поканата на Претседателскиот бал, на кој ќе биде и Донал Трамп, ги вознемирило вработените во амбасадата во БиХ. Според Додик, поканата ја добил од луѓето кои биле во изборниот штаб на Трамп, кој е и тимот кој се бави со транзиција од претходната администрација кон новата.

Од Американската амбасада во БиХ не го поканиле Додик, наместо тоа му се заканувале со санкциите поради референдумот. Во телефонскиот разговор со претседателот Додик, заменик помошникот на државниот секретар Хојт Ји, лично го обвинил за застојот на БиХ кон ЕУ. Американскиот дипломат од Додик барал да се откаќе од декларацијата на СНСД.

„Јас го реков следното: Тоа што БиХ е во криза највиновна е старата американска администрација и барав да ја напуштат БиХ и веќе да не мешетарат и дека СНСД нема да се откаже од своите политики“, напоменува Додик.

Телефонскиот разговор се одвивал во присуство на американската амбасадорка во БиХ Морин Кормак. Поради ваквиот став на претседателот Додик, Амбасадата на САД во БиХ се одлучила да ја подигне рампата за неговото патување во САД.

„Ден по тој разговор мене ми е одбиено барањето за дипломатска виза, со образложение дека таму не одам како претставник на БиХ“, вели Додик.

Зошто тогаш ми е босанскиот дипломатски пасош, прашува претседателот. Не ја исклучува можноста за откажување од истиот, а се поизвесно е дека во наредната година ќе патува со српски пасош.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This