ТРАМП ГО ПОКАЖА ПИСМОТО НА ОБАМА, НО НЕ И НЕГОВАТА СОДРЖИНА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател Доналд Трамп го покажа пред новинарите писмото што му го остави предходникот Барак Обама, но не ја откри неговата содржина.

tramp-nafta-imigracija

„Кога влегов во овалната канцеларија го најдов ова прекрасно писмо од Претседателот Обама. Навистина е многу убаво од него што го направи тоа. Ќе го почитувам тоа“ рече Трамп, држејќи го писмото во рака и си го стави во џеб.

Содржината на писмото, не сакаше да ја открие, наведувајќи дека тоа нема да биде објавено во јавност.

 Традиција е во Белата куќа американскиот претседател во заминување на својот наследник да му остави писмо на масата во Овалната канцеларија.

 

Неодамна за првпат во јавноста се објавени писма кои поранешните претседатели на САД Бил Клинтон и Џорџ В. Буш му ги упатија на своите наследници.

„Ќе има тешки моменти. Ќе те критикуваат. Твоите ,,пријатели“ ќе те разочараат, му напиша Буш на наследникот Барак Обама на 20 јануари 2009. „Но, секогаш ќе го имаш семоќниот Бог со себе, семејството кое те сака, државата која ќе те влечи вклучувајќи ме и мене.Не е важно што ќе се случи, ќе бидеш секогаш инспириран од луѓето кои ги водиш“ напиша Буш.

Бил Клинтон на Буш, 2001, во писмото му наведил дека ќе води горд и добар народ“.

„Од овој момент Вие сте Претседател на сите нас. Ве поздравувам Вас и Ви посакувам успех и многу среќа“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This