ТРАМП Е ЗБУНЕТ: Американскиот претседател сега вели дека „никогаш не го навел датумот за напад на Сирија“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател Доналд Трамп објави во четвртокот дека никогаш не зборувал ниту го прецизирал датумот кога ќе биде изведен нападот врз Сирија, и оти тоа може да се случи „или многу скоро, или не наскоро“.

„Никогаш не зборував кога ќе се случи нападот во Сирија. Може да биде многу скоро, или не наскоро! Во секој случај САД под мојата администрација завришија голема работа со ослободивањето на регионот од Исламската држава. Каде е нашето ’Благодарам Америка’?“, напиша Трамп на Twitter.

Претходно во средата американскиот претседател прво објави твит во кој ја советуваше Русија да се подготви да ги соборува американските пректили врз Сирија „коишто ќе долетаа …“ и ќе бидат „фини, нови и паметни“. Еден час подоцна Трамп повторно објави твит во кој ја повика Русија двете земји да ја прекинат трката во вооружување и ѝ понуди економска помош.

Американскиот министер за одбрана, Џејмс Матис, исто така, во средата изјави дека САД сé уште ги проценуваат доказите за наводниот хемиски напад во Срија, и истовремено истакна дека американската војска е подготвена да „обезбеди воени опции (дејствија), доколку тие бидат соодветни, на разгледување на претседателот“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This