April 19, 2024, 12:05 am

ТРАМП ЗА СЕШНС: Џеф Сешнс е чесен човек. Тој не кажа ништо неточно.Можеше да биде поконкретен во одговорот за Русија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за правда, Џеф Сешнс, можеше да биде поконкретен во одговорот за своите контакти со руските претставници, но Демократската партија го надува скандалот од политички цели, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, цитиран од британските медиуми.

tramp-640x294

„Џеф Сешнс е чесен човек. Тој не кажа ништо неточно“, се наведува во соопштението на американскиот претседател. „Можеше поточно да го формулира својот одговор, но очигледно тоа не беше намерно“, додаде Трамп.

„Претставниците на Демократската партија претеруваат. Тоа е лов на вештерки!“, се наведува во соопштението на американскиот претседател.

Сешнс пред Сенатот на САД изјави дека немал средби со руски претставници. Подоцна беше соопштено дека тој имал такви контакти. Самиот министер синоќа изјави дека зборувал со нив не во својство на претставник на предизборниот штаб на Трамп, туку во својство на сенатор, потсетуваат американските медиуми.

Весникот „УСА тудеј“ синоќа соопшти дека најмалку уште двајца советници од предизборниот штаб на Доналд Трамп се среќавале со рускиот амбасадор во Вашингтон, Сергеј Кислак.

Џефри Гордон, советникот за национална безбедност во предизборниот штаб на Трамп и Картер Пејџ, кој работел во американската инвестициска банка„Мерил линч“ во Москва, се сретнале со Кисљак на конференцијата која се одржала во Охајо во исто време кога во Кливланд се одржуваше конгресот на Републиканската партија. Тие не разгледувале важни политички прашања, подвлече прес службата на Белата куќа, цитирана од ТАСС.

По обвинувањата, Сешнс синоќа соопшти дека ќе се изземе себеси од каква и да е истрага за предизборната кампања на претседателот Доналд Трамп за време на 2016 година.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека нема информации за средби на Сешнс со рускиот амбасадор Сергеј Кисљак, но напомена дека таквите состаноци спаѓаат во вообичаените амбасадорски активности.

– Не знам детали од тие состаноци, но работата на амабасадор значи што поголем број средби, истакна Песков.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This