Трамп издаде неколку наредби во последните денови од функцијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доналд Трамп издаде два налога само неколку дена пред претседателската инаугурација на Џо Бајден. Во еден, тој ја нарекува Антифа „домашна терористичка организација“, додека во друг забранува американски компании и поединци да прават деловни активности со производители на одреден кинески софтвер.

Трамп потпиша меморандум со кој го замоли државниот секретар Мајк Помпео, во соработка со државниот обвинител и државниот секретар за безбедност, да испита дали Антифа може да биде означена како терористичка организација и да им забрани влез на нејзините членови во САД.

„Министерството за правда веќе јавно потврди дека постапките на Антифа и слични организации ги исполнуваат стандардите на домашните терористички организации“, стои во налогот на Трамп. Како што понатаму се наведува, со бројни примери на нивно постапување од 2017 година наваму, „насилството извршено од Антифа претставува опасност за човечките животи и суштината на нашата нација“.

Во другиот налог, односно извршна наредба, што се однесува на кинески софтвер, Трамп наведува дека Соединетите држави треба да преземат мерки против производителите на одреден кинески софтвер, со цел да се „заштити националната безбедност“.

Меѓу наведените софтвери се наоѓаат „Alipej“, „WPS office“, „Tensent QQ“…

Наредено е да се испита дали софтверот ја загрозува националната безбедност и американската економија со користење на софтвер за собирање безбедносни и приватни податоци во корист на Кина. Во наредбата се наведува дека Кина и Комунистичката партија на Кина „би можеле да собираат федерални службеници како соработници и да прават досиеја за нив со собирање чувствителни податоци“. Како резултат, многу федерални агенции забранија употреба на кинески софтвер.

Дотогаш беше наредено во рок од 45 дена да започне забрана за деловно работење со сите поединци и компании од САД со производителите на спорниот кинески софтвер. Исто така, во рок од 45 дена, треба да се дадат препораки во врска со забраната за продажба и пренос на кориснички податоци од САД на компании од странство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This