ТРАМП ИМ НАРЕДИ НА ВООРУЖЕНИТЕ СИЛИ НА САД: За 30 дена да му претстават план за победа на ИД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ, со кој им наредува на своите генерали за 30 денови да му достават план за победа на Исламската држава.

tramp

Трамп на овој начин исполни едно од предизборните ветувања. Планот треба да содржи сеопфатна стратегија за победа над ИД, се вели во соопштението на Белата куќа.

Со указот, исто така, се повикува новите министер за одбрана Џејмс Матис да идентификува нови партнери за антиџихадистичка коалиција.

Русија, по телефонскиот разговор на Владимир Путин со Доналд Трамп објави дека двајцата лидери сакаат соработка против ИД во Сирија.

Трамп може да избере да ја промени стратегијата на својот претходник Барак Обама, кој сакаше по секоја цена да избегне учество на американски копнени сили во борби против ИД.

Во моментов Американците имаат 5.000 војници во Ирак, кои ги поддржуваат ирачките војници и речиси 500 војници од специјалните сили во Сирија, кои се на страна на Сириските демократски сили.

Американски авиони бомбардираат секојдневно позиции на џихадисти во Сирија и Ирак од летото 2014 година.

Сега Вашингтон може да одлучи да го зголеми бројот на американските војници во Сирија со цел да им помогне на силите кои ќе влезат во градот Рака, бастионот на ИД.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This