ТРАМП ИСПИША ИСТОРИЈА: Сам успеа да ги победи 100-те најбогати компании и да спречи Трета Светска војна!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доналд Трамп успеа во она што во САД со децении се сметаше за невозможно – да стане претседател без поддршка на Волстрит, клубот 100 најмоќни компании во САД, како и без поддршка на “вашингтонската аристократија“ која преку своите лоби центри собрани во Трилатералната комисија, Билдерберг група, Комитетот за надворешна политика… повеќе од педесет години наваму управува со политичките процеси во САД и светот, без оглед на вољата на граѓаните, и без оглед на интересите на државите кои со децении се жртви на таа подземна политика. Бил и Хилари Клинтон се членови и експоненти токму на Билдерберг групата.

analiza_hilari_poraz-1

Едноставно, оној кој има амбиција за претседател на САД мора да работи во интерес на Клубот 100 најмоќни американски компании преку бескрајно отворање нови војни кои ќе наметнат политика и пазарни поволности преку кои Клубот 100 економски ќе владее со светот и ќе го собира профитот за себе патем, за свои профитни цели, фрлајќи во војна милион американски граѓани од сиромашните општествени слоеви на САД да гинат во тие војни, а американките граѓани од буџетот да плаќаат нови пазари и профити од кои корист имаат само одбраните од Клубот 100.

Подземнити политички центри за кои станува збор, и кои досега веруваа дека владеат со САД имаат свои членови и соработници и во Европа, и ако се погледне листата на најголеми противници на Трамп меѓу европските политичари, ќе се види и нивната поврзаност.
analiza_hilari_poraz-2

Поранешниот секретар за надворешни работи (1969-1977) Хенри Кисинџер почна, а потоа другите продолжија, преку формирање и делување на неформални и подземни политички центри на моќ во кои членуваат поранешни претседатели, министри и глобални олигарси – како Трилатералната комисија, Билдерберг група, Комитетот за надворешна политика… да создаваат моќни групи со силни врски и влијание врз светкската политика.

Процесот оди едноставно: Клубот 100 најмоќни испорачува свои потреби и цели за глобални пазари и доминација, подземните политички групи анализираат и планираат исплатливи конфликти, подготвуваат терен за акции преку силните глобални американски медиуми и одбираат човек кој, од место претседател на САД, ќе ги изврши порачките. Пари од Клубот 100 се делат за подземните лоби групи и тимот на претсдетаелот и, сите се задоволни, освен американските граѓани од пониските социјални слоеви кои треба да одат и гинат во тие војни, Армијата на САД која треба да извршува и брои загинати како и десетици држави од Источна Европа, Блискиот и Далечниот исток кои се цел на тие операции. Така, со децении, се одржува и НАТО пактот кој е формално покритоие за ова глобално насилство. НАТО се плаќа претежно од американски пари што е нормално затоа што спроведува претежно американски цели. Трамп најави крај за таквиот концепт на НАТО, и побара сите кои учествуваат во него да партиципаат и пари согласно својата економска моќ и интереси, што од НАТО беше разбрано како најава за нивно уривање.

ARLINGTON, VA - MARCH 15: A military honor guard carries the casket of Army Corporal Frank Buckles, during a funeral service at Arlington National Cemetery, on March 15, 2011 in Arlington, Virginia. Buckles who was the last verified American veteran of World War I, died on February 27, 2011 at the age of 110. Buckles quit school at the age of 16 and lied to enlist in the U.S. Army, he then traveled across the Atlantic to the European theater on the British liner the Carpathia where he served in England and France, driving ambulances and motorcycles for the Army's 1st Fort Riley Casual Detachment. He will be buried with full military honors today. (Photo by Mark Wilson/Getty Images)

Хилари Клинтон беше идеален претседател за нив. За неа со години се говори дека е трговски патник на Клубот 100, особено кога беше откриено дека од функција државен секретар за надворешни работи вршела директен притисок врз Полска, Чешка и Унгарија да се ориентираат кон атомски централи кои ќе ги гради американскиот Вестинхаус.

Но, војската и федералната полиција ФБИ кои имаат исклучително добра информација и сознанија за овие процеси и почнаа одвнатре да создаваат отпор. Имено, уште од големата финансиска и должничка криза во САД во 2008/2009 година, која потоа се прошири и на Европа, беше јасно дека Клубот 100 најмоќни американски компании ги држи во заложништво американските граѓани за свои профитни цели, и дека целиот систем, на чело со Војската на САД и ФБИ, е само инструмент за реализација на нивните деловни планови.

Средната класа почна да осиромашува, а сиромашните паѓаа под границата на социјална издржливост. А токму тие се регрути и војници кои треба да трпат загуби за профитните интереси на Клубот 100. Социјалните немири кои во САД стануваат се почести почнаа да експлодираат, пред се преку расните конфликти и штрајковите.

По инвазијата врз Ирак во 2003 година, и падот на Садам Хусеин, околу 250.000 американски војници требаше да се вратат назад во САД. Тоа е закана за социјланиот мир и безбедноста во средините во кои воени ветерани преку ноќ треба да се враќаат и социјализираат во сиромашните и кревки средини. Затоа, САД успеа да договори околу 90.000 од нив да останат во Ирак како приватна војска на новите ирачки власти, а за 150.000 се бараше нова војна која ќе ги држи активни и надвор од Америка. И, се така во низа, Од војна – во војна.

Се години во САД се случува силно и опасно зголемување на јазот помеѓу екстремно богатите од Клубот 100, лоцирани на окенаските источни и западни брегови на САД околу Њујорк, Вашингтон , Чикаго, Лос Анџелес и Сан Франциско… и остатокот од САД. Ако ја погледнете картата на САД по изборите ќе видите дека Хилари Клинтон има поддршка само во тие богати средини околу големите градови и профитните компании од Клубот 100, се друго во САД е мапа на нејзин пораз.

 

analiza_hilari_poraz-4

ФБИ и Војската на САД пред изборите 2016 година преземаа свои чекори за запирање на таа клиентилистичка политика и опасоноста од конфликти и можна поделба на државата, и дадоа голема, клучна заднинска поддршка за победата на Доналд Трамп. И Хилари Клинтон, по поразот, објави дека најголема причина за нејзиниот пораз се акциите на ФБИ против неа.

Поранешниот директопр на ФБИ, Калстром, сред предизборната кампања изјави: семејството Клинтон се мафијаши, криминална банда, а нивната Фондација Клинтон смрди како септичка јама. ФБИ и сегашниот шеф Џејмс Коми мора да турка истрага против неа која ја попречува нејзината лична пријателка, државната обвинителка Лорета Линч. Во ФБИ луѓето добро знаат што се случува, и незадоволни се од тие нешта, и јас тоа добро го знам, вели Калстром. Прилично директна, отворена и јасна изјава за еден шеф на ФБИ.

analiza_hilari_poraz-5

 

Нејзините планови за понатамошно заострување на односите со Русија, и напредување кон Трета светска војна, беа отворено промовирани во кампањата од страна на Хилари Клинтон. Таквиот развој на настаните се исклучително сериозмна опасност за американската држава, особено за војската која треба да гине и да ја плати цената за интересите на Клубот 100, подземните политички лоби групи и медиумите под нивна контрола. Во таа војна со свои животи и пари цената треба да ја платат граѓаните од ниските социјални слоеви и војниците, а богатата аристократија и онака, по секоја голема војна останува жива, здрава и претежно богата.

Теренот за нова светска војна како решение за нови американски профити на нивниот Клуб 100 најмоќните компании го почнаа уште во 2014 и 2015 година, со медиумска подготвка преку големите американски медиуми платени и водени од богатиот Клуб 100 и подземните политички центри како Билдерберг групата и Комитетот за надворешни работи.

Њујорк тајмс објави, а СиЕнЕн и другите доработувачи продолжија, да ја афирмираат тезата и тврдењето на американскиот економски експерт и научник Тејлор Коен дека светскиот мир е, всушност, причината за економската стагнација.

Поминаа многу години, пишуваше за Њу Јор Тајмс професорот Тајлер Коен, а за тоа време популацијата се зголемува и нема прераспоредување на ресурсите и богатството. Иако вестите од Судан, Блискиот Исток, Авгнаистан… зборуваат за војни и жртви, тое не е ни оддалеку закана за светскиот мир, а бројот на жртви е незначителен во однос на Втората светска војна кога, само во Европа, загинаа над 80 милиони луѓе.

Тајлер Коен, кој предава економија на Универзитетот Џорџ Мејсон, наведува дека секоја голема војна безрезервно потоа предизвикува голем економски раст во светот и зголемување на вработеноста и богатсвото… но дека историјата покажала а искуството потврдило, кога се јавуваат серии на стагнации и економски кризи, војните односно периодот по нив бил раздвижување и продуктивен за економијата.

Искуставата на САД, вели професорот Коен, се дека сите големи технологии и изуми, од интернет, до леталата, медицинските пробиви во науката, физиката и економијата… се случувале во воени и пост воени услови. Сите големи компании во САД, и нивната експанзија, своите пробиви на пазарот и раст ги должат на договорите со војската, или користење изуми кои се наменети за војската, а потоа се трансформирале во практични, секојдневни поизводи и услуги.

Според Тајлер, ваквиот низок економски раст под, или околу 2 проценти, и стагнација на инвестиции во големите дражави на Западот, можат да се преусмерат кон динамични само доколку се случат промени во светот како псоледица на војни и ново прегрпирање на пазарите и односнот на силите во светот, и  кога за тоа се заинтересира владата и војската, како најголеми потрошувачи.

 

analiza_hilari_poraz-6

 

Војската и ФБИ не мислеа така, затоа што тие од искуство знаат дека војната со Русија не е гарантирано победничка, и дека за разлика од Правта и Втората светска војна следната нема да ја заобиколи територијата на САД која, секогаш, во мир живеела додека другите гинеле, им се уривале и уништувале економиите и популацијата.

Трамп, на овие избори, беше адут на мирната политика на ФБИ и Армијата на САД, и спречување на војна со Русија, а со тоа и за глобален светски судир. Во својот победнички говор Доналд Трампјавно им се заблагодари на воените генерали и разузнавачи Мајк Флин и Џозеф Келог, и со тоа обзнани од каде доаѓа неговата поддршка со која успеа да го совлада Клубот 100 и политичкото подземје на Трилатералната комисија, Билдерберг групата и Комитетот за надворешна политика пред кои, како инструмент, стоеа најголемите американски медиуми.

 

analiza_hilari_poraz-7

Поддршката од ФБИ и војската и генералите за Трамп беше суштинска, стручна и – победничка. Генералот Мајкл Флин е виетнамски ветеран, беше шеф на американското воено разузнавање од 2012 до 2014 година и, по се изгледа, токму тој ќе биде човек за врска помеѓу Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. Минатата година генералот Флин беше во Москва, по повод годишнината на руската телевизија Раша тудеј, и ќе има задача да преговара за компромисни решенија помеѓу САД и Русија, и да ја остстрани опасноста од голема руско-американска војна. Неколку пати, на прашање за Хилари Клинтон, тој одговара: Уапсете ја, и затворете ја!

Доналд Трамп ја употербуваше оваа негова реченица и најава за апсење на Хилари Килнтон неколку пати во својата кампања.

Генералот Џозеф Келог е најблизок соработник на Трамп за надворешната и безбедносна политика, негов советник и личен пријател. Келог имаше многу остри напади врз Хилари Клинтон по повод нејзиното толкување на опасностите од војната со Русија и постапката како се активира американската нуклеарна заштита против Русија. – “Таа нема поим што значи тоа, ниту пак е свесна за последиците од таквите нешта, а опасно е и самото отворање на таа тема како елемент за политичка кампања… зборуваше и коментираше генералот Келог за воените амбиции на Хилари Клинтон.

 

analiza_hilari_poraz-8

Околу 200 генерали и адмирали на американската армија, добро упатени во ризикот и последиците на војна со Русија која ја заговараше и најавуваше Хилари Клинтон, застанаа на страна на Доналд Трамп и пониските социјлани слоеви кои имаа страв од нова војна која ќе падне врз нивниот грб. И, се чини – не згрешија.

Војната со Русија сега е прилично подаелку откако Хилари Клинтон ги загуби изборите. Она што Хилари Клинтон и нјзините богати поддржувачи од Клубот 100 не го пресметаа е реакцијата на луѓето до внатершноста на САД од кои најголем дел никогаш не ги ни виделе богатите градови со силните компании и банки низ Њујорк, Чикаго, Сан Франциско или Лос Анџелес, а требаше да ја платат со живот цената на нивните скапи куќи, јахти и профити.

Ова не беа само избори за нов престедател на САД, туку избори за и против голема глобална војна помеѓу Русија и САД, закана за сите па и за амерканските граѓани кои се надвор од богатиот Клуб 100. Генералите на американската војска фатија страна, и таа страна победи.

analiza_hilari_poraz-9

 

Генералите најдобро знаат што значи голема, општоуништувачка војна, и често се против таквите авантури. Историјата памети дека јапонскиот генерал Јамамото му се спротиставил на јапонскиот цар Хирохито по неговата одлука Јапонија да ги нападне американските бази на Перл Харбур. Но, и покрај противењето, царот Хирохито бил упорен. – Јас ќе ја извршам вашата наредба, одговорил генералот Јамамото, но сакам да знаете дека е тоа голем ризик кој се заканува со уништување на Јапонија и царството…. Јамамаото знаел но, не успеал да ја спречи војната. Американските генерали денес го знаат истото но, го имаа Трамп на своја страна, и победија. Без војна.  (USA_Today

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This