April 24, 2024, 10:41 am

ТРАМП И ГРУЕВСКИ ТРН ВО ОКОТО НА СОРОСОИДИТЕ НИЗ СВЕТОТ: Двајцата лидери кои го поразуваат Сорос, трн во окото на соросоидите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Соросоидите низ целиот свет функционираат согласно идентична матрица, според која сите свесно или не, се согласни да бидат носители на функцијата корисни идиоти. Соросоидите кои функционираат во Македонија не се ништо поразлични од оние кои работат низ Европа и светот. Всушност, сите се одгледувани во еден ист петриев сад, во кој како бактерии се размножуваат, а потоа се искористуваат како инфекција во националните држави

tramp_gruevski

Фабио Матиоли, италијански соросоид чија најголема желба во животот му е да научи како се прави бурек, се претставува како „експерт“ за финансии во јужна и источна Европа, кој освен тоа што одвреме навреме работи како демонстратор на Њујоршкиот универзитет, професија му е и корисен идиот, кој по нарачка е спремен да се потпише на текстови кои немаат допирна точка со реалноста.

Во последниот текст објавен за „Форин Афеирс“ Матиоли го споредува Никола Груески со новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп.

Mattioli„Трамп и Груевски се претставуваат како претрпиемачи кои знаат како да креираат работни места, а и двајцата се потпираат на нивните успешни урбани проекти, ветувајќи подобра иднина. Избраниот претседател Трамп го изгради своето богатство преку големи инфраструктурни проекти, кои фрлаат светло врз луксузниот живот на претседателот. Во екот на финансиската криза, Груевски го туркаше проектот Скопје 2014, кој му даде ‘фејс лифт’ на социјалистичкиот изглед на Скопје, кое сега е трансформирано во грандиозно, иако некои велат во нео-барокен кич. Иако архитектите и други урбани работници го исмеваа проектот, многумина од работничката класа најдоа смисла во градењето на убавото лице на Скопје, како интернационален бренд кој може да ја донесе Македонија назад на светската сцена“ – пишува Матиоли.

Сепак, Матиоли заборава да спомене дека единствени кои се противеа на проектот Скопје 2014, иако истиот беше причина за вработување на илијадници работници, беа луѓе како Мирослав Грчев кој своевремено сметаше дека Македонија е измислена нација, дека Македонската историја не постои, и дека Македонците се хибриден народ.

Ваквите тврдења ги поддржуваа и останатите соросоиди од типот на Борјан Јовановски кој во документарен филм за Ал Џазеира тврдеше дека во Македонија живеат „Славо-Македонци“ со лажирана историја.  Секако, незаменливата Најчевска според која споменикот на Александар Македонски е срам, бидејќи според неа се работело за масовен убиец и ништо повеќе.

sloveni-borjan

Интересно е сепак тоа што, Соросоидите, било каде во светот имаат два проблеми. Тоа се луѓе со висока национална свест и луѓе кои не се согласуваат со нео-фашизмот, колку и да звучи нелогично, на оние кои промовираат либерализам и граѓански концепт.

Познато е дека, веднаш по победата на изборите во САД, Сорос организираше голема конференција на која ги собра сите левичарски структури во САД, вклучително и Клинтон и делови на нејзината администрација со цел да се разработи концепт за уривање на авторитетот на Трамп и да не се дозволи мирна и брза транзиција на власта во земјата носител на Западните вредности.

Веднаш беа организирани масовни демонстрации, а слично како и во Македонија, демонстрантите беа ангажирани на отворен пазар и беа плаќани со 300 до 500 долари од протест. Секој можеше да се пријави за професионален демонстрант на контактите кои беа објавени на сајтот „Креглист“ кој служи како отворен интернет пазар.

soros-trump-protest

И тоа не е се.

Сличноста, односно идентичната матрица се гледа и во начинот на кој медиумите под влијание на соросоидите во САД известуваат за новиот претседател.

Имено, во недостиг на доволни аргументи да се дискредитира Трамп, големите корпоративни медиуми измислуваат разно-разни извештаи, стории, докази кои никој ги нема видено, и наводни блиски врски со „вечниот“ непријател на САД, Русија и претседателот Владимир Путин. Отидоа дотаму да произведат и лажен извештај на разузнавачките служби, во кој се зборуваше за наводен хакерски напад од Русија врз изборите во САД, по нарачка на Трамп.

Слично и во Македонија.

Тука се користеа соросоидните медиуми и новинари како „Фокус“, „Плусинфо“, „Телма“ за да се објавуваат лажни информации со наводни фалсификувани патни исправи, за кои подоцна се докажа дека всушност биле печатени во домот на еден од најблиските соработници на лидерот на опозицијата Закир Бекири-Чаушот. Во акцијата „Фабрика за афери“ беше пронајдена голема количина на материјали и техника со кои се фалсификувале афери, за потребите на опозицијата.

Ljubisa-Arsik-Fokus-LK-Pasosi

Оваа еднолична матрица беше искористена и во Украина, Сирија, Исланд, Црна Гора, Хрватска и секаде каде што администрацијата на Клинтон и соросоидите гледаа неподобни народни власти.

Еден од творците на оваа стратегија е американскиот дипломат, особен соросоид, Рајан Стонер кој се смета за творец на тактиката за насилна промена на власти во земји како Македонија. Тој е човекот кој ги има изградено методите, проценката, тактиката и стратегијата која се спроведува од соросидната јавност, која за нив не е ништо повеќе од група корисни идиоти кои не гледаат подалеку од сопствениот нос и слепо ги спроведуваат наредбите на повисоките инстанци, заинтересирани за воведување на марионетски влади.

rajan_stoner

Во Македонија, најчести „курири“ на ваквите тактики се локалниот персонал на странските амбасади кои како по правило се дел од опозицијата и истакнати членови на НВО секторот контролиран од фондовите на Сорос. Таков е примерот со Бјанка Ордановска, сопруга на Сашо Ордановски инаку вработена како советник во Германската амбасада.

Тука се и Кристина Каранакова, вработена како човек за врска на амбасадорот на САД со правосудните органи во Македонија, но и Митко Бурчевски кој важи за десна рака на секој амбасадор на САД досега.

Најавата за масовна смена на амбасадорите поставени од администрацијата на Клинтон предизвикува силна реакција кај соросоидите во светот, па оттука произлегуваат и овие реакции и последни знаци на живот, а во обидот да се спореди Трамп и Груевски и тоа да се претстави во негативна конотација, всушност тие самите на себе си наштетуваат.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This