Трамп конечно се огласи за аферата со порно ѕвездата: Не знаев дека адвокатот платил 130 илјади долари…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не знаел ништо за тоа дека неговиот адвокат ѝ исплатил 130 илјади долари на порно актерката Сторми Даниелс за да молчи за аферата.

Ова е прв пат Доналд Трамп да даде коментар околу спорната исплата и самата афера. Да потсетиме, Сторми и Трамп наводно пред десетина години имале сексуален однос во хотел и тоа во периодот кога Меланија Трамп штотуку се породила.

На прашањето дали знаел нешто за потегот на адвокатот Мајкл Коен, Доналд Трамп накратко одговори: „Не. Ќе мора да го прашате него“.

Мајкл Авенати, адвокатот на порно актерката Сторми Даниелс која што тврди дека во 2006-та година имала сексуални односи со актуелниот американски претседател, кон крајот на март поднесе барање во федералниот суд во Калифорнија дека сака да го испита Трамп и неговит адвокат Коен. Авенати побарал да ги испраша двајцата „не повеќе од два часа“.

Во барањето било наведено дека сака да утврди дали Трамп знаел дека на порно актерката ѝ биле исплатени 130 илјади долари за да молчи за односот со него. Коен тврди дека самиот ѝ дал на порно актерката 130 илјади долари и дека Трамп никогаш немал секусални односи со неа.

Меѓутоа, Сторми тврди дека имала сексуални односи со Трамп, како и намера сето тоа да се сокрие. Таа понудила да ги врати 130-те илјади долари за да може слободно во медиумите да говори за својот однос со американскиот претседател и да ги објави фотографиите, пораките или видео снимките „кои што можеби ги поседува“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This