ТРАМП МУ СВРТЕ ГРБ НА КОСОВО: Вашингтон почна со присилни мерки против Косово поради одлуката да не се укинат даноците кон Србија и БиХ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вашингтон започна со примена на присилни мерки против одлуката на Косово да не ги суспендира даноците на производи увезени од Србија и БиХ, а приштинската Коха предупредува дека тие мерки можат да бидат засилени доколку Приштина продолжи да одбива да ги суспрендира даноците.


Коха предупредува дека мерките ќе бидат највидливи во процесот на трансформацијата на косовските безбедносни сили во вojска.

Веќе се чувствува притисокот на САД со одбивањето на виза на премиерот Рамуш Харадинај за присуство на Традиционалниот молитвен појадок и откажаната посета на американскиот генерал во Приштина.

Во меѓувреме, Харадинај се уште инсистира на признавање на Косово од страна на Србија пред да преземе било што во врска со даноците.

Амбасадата на САД во Приштина потврди дека американскиот генерал ја откажал посетата поради неукинувањето на даноците.

Данокот кон Србија, неофицијално, била тема на итниот состанок на косовските челници заедно со изработување на платформа за дијалог. Рамуш Харадинај, меѓутоа смета дека даноците не се препрека во постигнување договор меѓу земјите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This