ТРАМП НАРЕДИ ИСТРАГА: Ќе се анализираат наводните измами за време на претседателските избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател денеска истакна дека во зависност од резултатите на истрагата ќе бидат зајакнати процедурите за гласање во иднина

Tramp

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави оти ќе нареди да се спроведе голема истрага за наводните измами за време на претседателските избори во САД во ноември.

Тој утрово напиша на Твитер дека истрагата ќе ги опфати гласачите од повеќе од една држава оние што се нелегални, па дури и оние што се регистрирани на списоците, а се починати.

Трамп додаде дека во зависност од резултатите на истрагата ќе бидат зајакнати процедурите за гласање.

Вчера, пред конгресните лидери тој изјави дека можеби и до пет милиони лица гласале нелегално на изборите во ноември, но Белата куќа не го поддржа со никаков доказ неговото тврдење.

Кратко по тоа, претставникот на Белата куќа, Шон Спајсер, го потврди мислењето на претседателот на редовниот, секојдневен, брифинг.

Спајсер посочи дека според анализите и доказите, обезбедени поради вниманието на Трамп, 14 проценти од гласачите на изборите не се американски државјани.

На изборите на 8 ноември минатата година кандидатот на републиканците Доналд Трамп го загуби народното гласање, во кое неговата противничка Хилари Клинтон доби 2,9 милиони гласови повеќе од него, но тој ги доби изборите благодарение на распределбата на електорите на државите во Изборниот колеџ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This