April 20, 2024, 12:04 pm

ТРАМП НЕ САКА ДА СЕ СРЕТНЕ СО ПРИНЦОТ ЧАРЛС

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Несогласувањата на претседателот на САД Доналд Трамп и британскиот принц Чарлс за климатските промени може да влијаат на посетата на американскиот лидер на Велика Британија, пишува „Сандеј тајмс“.

1109817575

Весникот наведува дека Трамп не сака да се сретне со принцот во текот на посетатта на Британија во Јуни, поради своите комплетно спротивни гледишта за глобалното затоплување.

„Трамп нема да ги толерира предавањата на никој, дури ниту на членот на кралското семејство.

Од опкружувањето на Трамп веруваат дека американскиот претседател ќе ги прими младите принцови Вилијам и Хари, меѓутоа советниците на кралското семејство инсистираат дека со него треба да се види и да има состанок  Чарлс. Тимот на Трамп исто така стравува од протести на неговите британски противници.

Во текот на предизборната кампања  Доналд Трамп изјави дека е неопходно ревидирање на Парискиот договор за климатските промени. Тој смета дека чекорите  на Владата на САД во областа на екологијата негативно се одразиле на енергетскиот сектор во земјата.

Освен тоа, Трамп ветуваше дека доколку биде избран, во земјата ќе го врати енергетскиот сектор во земјата и дека ќе ги врати работните места.

Принцот Чарлс од своја страна, беше автор на основниот говор за климатскиот самит во парис 2015 година. Тој повеќе од 40 години живот ги посвети на кампањата за заштита на животната средина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This