ТРАМП НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД ЗАБРАНАТА ЗА ВЛЕЗ НА МУСЛИМАНИ ВО САД: Утре ќе потпише извршна наредба со која ќе забрани влез на муслимани од некои земји

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот Претседател Доналд Трамп планира утре да потпише извршна наредба која ќе забрани влегување во САД на државјани од некои земји со мнозинско муслиманско население.

tramp_-_01

Според Си – Ен – Ен кој цитира службени лица во администрацијата, наредбата е планирано да се одржи во Департментот за национална безбедност. Функционерот додал дека сепак времето на потпишување на наредбата од страна на Претседателот, може да се промени. Оригиналната наредба од 27 јануари им забрануваше на граѓаните на седум држави со мнозинство муслимани да влезат во САД во наредните 90 дена. Државите кои беа опфатени со привремената забрана за патување во САД се Иран, Ирак, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен. Но, оваа наредба потоа беше блокирана од федерални судии и Белата Куќа соопшти дека Трамп планира повторно да ја разгледа. Сепак, извештаите не разјаснија дали новата наредба ќе биде различна од претходната.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This