Трамп: Ниту еден компјутер не е безбеден

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека „ниту еден компјутер не е безбеден“ кога станува збор за приватноста на податоците, повторно изразувајќи скептицизам во однос на безбедноста на онлајн комуникацијата, која неговата администрација ќе ја користи секојдневно во планирањето на меѓународните односи.

donald-tramp

Трамп пред новинарите за време на новогодишната прослава која синоќа ја организираше на својот имот во Мар-а-Лагу на Флорида истакна дека ретко користи мејл и компјутери, иако  често твитува.

Тој нагласи дека повеќе има доверба во пораките кои се напишани со рака.

– Дококу нешто навистина ви е важно напишете го и испратете го преку поштенска служба, на старомоден начин. Бидејќи ќе ви кажам нешто: Ниту еден компјутер не е безбеден, рече Трамп, додавајќи дека не го интересира што другите велат.

Трамп повеќе пати ги отфрлуваше тврдењата на американските разузнавачки агенции дека Русија се обидувала да влијае на претседателските избори преку хакерски напади.

Тој најави дека следната недела ќе се состане со претставници на разузнавачките агенции со цел да дознае повеќе за тие тврдења, нагласувајќи дека сака американските официјални лица „да бидат безбедни бидејќи тоа е мошне сериозно обвинение“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This