March 28, 2024, 12:54 pm

ТРАМП: Нуклеарниот потенцијал на Русије е помоќен од американскиот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нуклеарниот арсенал на Русија е посовремен од американскиот, можностите на САД се застарени, изјави кандидатот на Републиканската партија за Претседател на САД Доналд Трамп.

tramp-klinton-infomaks

„Русија ги проширува своите можности, тие имаат многу нови можности за разлика од нас“ рече Трамп во текот на дебатата со својата противничка Клинтон, одговарајќи на прашањето на водителот за став околу нуклеарното оружје.

Трамп ја нарече нуклеарната закана како најголема закана.  Републиканецот додаде дека би било идеално потполно да се отфрли таквото оружје, меѓутоа како Претседател , тој нема намера прв да го покрене разоружувањето.

​„Ако нуклеарното оружје биде применето -тоа е крај, но истовремено ние треба да бидеме подготвени  и ништо да не симнуваме од маса“ истакна Трамп.

Хилари Клинтон повторно изјави дека на Трамп не треба да му се довери нуклеарното оружје.

Според правилата на американската предизборна кампања, во дебата можат да учествуваат кандидатите кои имаат поддршка од 15 % од Американците.

Според последните анкети, кои ги спроведува телевизијата Еј-Би-Си и весникот „Вашингтон пост“, Хилари Клинтон е само 2% пред Трамп 46 спрема 44.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This