Трамп: Ова е инвазија на нашата земја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател Доналд Трамп ја засили антимигрантската реторика и заканите кон мигрантскиот караван кој од Средна Америка се движи кон САД.

Истовремено Пентагон се подготвува да распореди илјадници војници долж границата со Мексико.

„Ова е инвазија на нашата земја и нашата војска ве чека“ – порачал Трамп на твитер.

Тој, без да даде било какви докази, навел дека има “многу членови на криминални кланови и некои многу лоши луѓе во караванот кој се движи кон јужната граница “ на САД.

„Ве молам, вратете се. Нема да ви биде дозволено да влезете во САД освен преку легален процес. Ова е инвазија на нашата земја и нашата војска ве чека“ – предупредил Трамп.

Како што пренесува „АП“, неговото предупредување доаѓа во момент кога Пентагон ја почнал реализацијата на мисијата наречена Операција верни патриот, чија цел е давање поддршка на царинската и граничната служба на мексиканската граница.

Две официјални лица, кои не сакале да бидат именувани бидејќи зборувале за план кој се уште не е официјално обелоденет, изјавиле дека ќе бидат распоредени нешто повеќе од 5000 војници од целата земја. Тие ќе им помагаат на граничните служби, но нема да доаѓаат во директен контакт со мигрантите.

Белата куќа размислува и за додатни безбедносни мерки, вклучувајќи и спречување на оние кои во мигрантскиот караван од Средна Америка одат кон САД, да влезат во земјата и побараат азил.

Во меѓувреме, неколку стотина мигранти се обиделе денеска да преминат од Гватемала во Мексико, но во тоа ги спречила мексиканската полиција.

Претходно поголем караван премина во Мексико и сега се движи од југот на земјата кон северот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This