ТРАМП ОД МОЛИТВЕНИОТ ДОРУЧЕК: Верата е суштина на американскиот живот и слобода!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател Доналд Трамп на традиционалниот Молитвен доручек рече дека „верата е суштина на американскиот живот и слобода“, пренесува АП

Трамп на Молитвениот доручек, традицонално случување на кое се собираат политичари и јавни личности од целиот свет, рече дека Американците се угледуваат на „силата на Божјата љубов“, што посебно се почувствувало за време на неодамнешните несреќи за време на ураганите.

„Ние сите можеме да бидеме херои на некого“, порача американскиот претседател.

Инаку, АП потсетвуа дека Трамп ужива силна поддршка кај евангелистичките христијани, кои му помогнаа во неговата претседателска победа.

Христијаните го поддржуваа Трамп за време на неговата прва година во претседателскиот кабинет, по што именуваше конзервативни судии, се залагаше за слабеење на политичките правила кои ги наметнуваа некои религиозни групи и затоа што Ерусалим го призна за претстолнина на Израел, наведува АП.

Молитвениот доручек се одржува од 1953. година, а секоја година се одржува во четврток, на почетокот на фебруари, но регистрацијата на гостите започнува во вторник.

„Самиот доручек започнува околу осум часот, а редовно се обраќа претседателот на САД и една личност од јавниот живот чие име останува во тајност се додека не седнете на маса и не ја добиете програмата. Суштината на тоа случување е промоција на единство на нацијата, да се покаже како републиканците и демократите можат заедно да работат во интерес на Америка, па истиот тој начин на размислување да се пренесе и на другите земји“, пишува Политика.

Попладне се организира и ручек со гостите од Балканот, на кој ќе присуствуваат и некои угледни сенатори.

Инаку, трошоците за пат и сместување во Вашингтон ги сноси гостинот. Меѓу нив најголем број на луѓе се од светот на политиката, но има и бизнисмени и претставници на невладини организации.

Од Македонија во САД замина делегација на ВМРО-ДПМНЕ на чело со лидерот Христијан Мицокски, како и делегација на ДУИ предводена од Артан Груби.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This