ТРАМП ОТВОРИ ВОЈНА СО СОРОС: Американскиот претседател го обвини Сорос за протести организирани во САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека жените кои протестираат поради спорниот кандидат за Врховен суд, Брет Кавано, се професионалки кои се платени од Џорџ Сорос и други

– Многу непристојните врескачки во лифт се платени професионалки, кои само сакаат сенаторите да изгледаат лошо, напиша Трамп на Твитер.

По минатонеделното сведочење во Сенатот на Кавано и на Кристин Блази Форд, која го обвини дека сексуално била нападната во 80-тите години, две жени му пришле на сенаторот Џеф Флејк наведувајќи дека се жртви на сексуално насилство и барале од него да не го поддржи кандидатот на Трамп за Врховниот суд.

– Не паѓајте на тоа! Исто така, погледнете ги сите професионално направени идентични знаци. Платени се од Сорос и од други. Тоа не се знаци направени од љубов во подрум, додаде Трамп.

Сенатот денеска треба да ја почне процедурата за гласањето за Кавано. Флејк, како и две умерени сенаторки Сузан Колинс и Лиза Мукаровски најверојатно се уште немаат одлучено како ќе гласаат. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This