ТРАМП ОЧЕКУВА ПОБЕДА НА ГРУЕВСКИ: Советникот на Доналд Трамп, Марк Бранс очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски на претстојните избори!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Марк Барнс, близок советник на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во однос на претстојните парламентарни избори во Македонија закажани за 11 декември излезе со став дека очекува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да го добие повторно мандатот за формирање на нова влада

barns_tramp

Во интервју за програмата „Гласот на народот“ вели дека Трамп е запознаен со работата на Груевски и му ја дава неговата целосна поддршка за сето она што тој го прави за македонскиот народ.

„Очекуваме да го добие повторно мандатот од народот на престојните избори во декември, бидејќи сметаме дека Никола Груевски ќе продолжи со истата ангажираност што досега ја правеше за подобар економски развој и за безбедноста на државата“, оценува Марк Барнс.

Запрашан за странските инвестиции во Македонија, меѓу кои се и двете американски компании „Џонсон Контролс“ и „Џонсон Мети“, како и за 5-то место во светот во извештајот „Дуинг бизнис“, Барнс со став дека Груевски се залага за економски раст на државата и оти се надева дека ќе продолжи да го води македонскиот народ кон подобра иднина.

Во интервјуто Барнс говори и за понатамошните односи со Русија за кои вели дека врвен приоритет на новиизбраниот американски претседател ќе биде да донесе стабилност и единство во светот.

„Трамп сака да донесе мир и стабилност во светот. Наместо хаос, да донесе стабилност и единство и и тоа ќе биде врвен приоритет. Како човечки суштества, без разлика на расата, бојата и политичката припадност, сите заедно треба да се поддржуваме и светот да стане подобар, а тоа е еден од најглавните приоритети на Трамп“, истакнува Барнс.

Тој додава дека не е точно оти новоизбраниот американски претседател не е религиозен, а во однос на нападите за корупција, вели дека Трамп е многу богат и оти нема потреба од натамошно богатење.

„Тој ја сака Америка и верува дека во САД треба заедно да ги вратиме вредностите кои се изгубени во минатото“, вели Барнс.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This