April 26, 2024, 11:45 am

ТРАМП ПОД ОПАСНОСТ ОД ВОЕНИОТ КОМПЛЕКС НА САД: Новиот претседател ќе треба да се соочи со „машината за војни“ наречена НАТО!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Избраниот претседател на САД Доналд Трамп има намера да направи договор со Русија, пишува новинарот Џон Пилџер за РТ; додавајќи дека „Разузнавачките служби на САД и монолитот наречен национална безбеднсот е насочен кон војна“

haubica_SAD
„По се изгледа дека тој (Доналд Трамп) ќе сака да направи договор со Русија, тоа е логично и речиси сите очекуваат таков чекор“, вели Пилџер за РТ, „иако постои голем притисок врз него да не го прави тоа“.

Претседателот на САД сега има „огромна воена моќ“, вели Пилџер. Трамп во моментов е под притисок од неговите сопартијци Републиканциј кои повикуваат на посилни санкции кон Русија и од оние кои повикуваат на ублажување на реториката кон Москва.

„Најголемиот бизнис на САД е војната. Локхид Мартин и сите други останати главни компании за производство на вооружување имаат големо влијание врз администрацијата на САД, на Конгресот. Таканареченото резузнавачко општество и монолитот наречен национална безбедност се насочени кон војна“ – вели новинарот.

Главната амбиција на „Вашингтонските соколи“ е смена на власта во Русија – „да се растури и Руската Федерација“, според наградуваниот новинар. Тој потсетува на интервенциите на САД спроведени по Втората светска војна против голем број на нации.

„Ако Трамп се повлече од оваа стратегија, тоа ќе бидат многу добри вести. САД обично напаѓа земји без одбрана. Ретко напаѓаат земји кои застануваат во одбрана од САД“.

Затоа оваа „несовесна провокација“ на западните граници на Русија и Азискиот Пацифик против Кина е „помалку невообичаен“, бидејќи ги ескалира работите на „друго ниво на ризик и провокација“, додава новинарот.

Пилџер мисли на распоредувањето на НАТО трупи во Истчна Европа. Претходно во јануари годинава, околу 2.800 парчиња на воена опрема и 4.000 војници пристигнаа во германското пристаниште Бремерхавен, а потоа беа транспортирани во разни НАТО бази..

„НАТО е машина за создавање на војни, тоа е Американска операција. Зошто го прави ова? Мислам дкеа има реален стратешки екстремизам во САД“. И „наградата за оваа операција“ е Русија, заклучува новинарот, додавајќи дека наградата за малку ќе беше освоена во времето на Борис Јелцин, првиот Руски претседател по падот на СССР.

„Она што навистина ги вознемирува властите во САД е тоа што Русија повторно е назависна, и тоа не смее да се толерира“.

Пилџер го опишал Барак Обама како „еден од најнасилните претседатели.“

„Тој иницираше светска терористичка кампања со ‘хелфајр’ (воздух-земја) проектили кои беа лансирани од беспилотни летала на таканаречени терористи, за време на свадби и погреби“, вели Пилџер, мислејќи на големиот број на инциденти кога проектили на САД беа насочени кон цивили во текот на воената кампања на средниот Исток.

Европскиот парламент „имаше добра либерална иницијатива“ некогаш одамна, но сега се претвори во „хала за ехо на САД“, според Пилџер.

„Голем дел од Европа се претвори во место за финансиски екстремизам, централни банки кои ги рушат малите членки како Грција“, додава тој.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This